Зорбатово
село во Солунско, Егејска Македонија, Грција From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зорбатово (грчки: Μικρό Μοναστήρι, Микро Монастири, катаревуса Μικρόν Μοναστήριον, Микрон Монастирион; до 1926 г. Ζορμπάς, Зорбас[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.[3] Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[4]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Солунското Поле, на 43 км западно од Солун, на западниот брег на пресушеното Ениџевардарско Езеро.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Зорбатово било село во Солунската каза. Според порталот на општината Илиџиево, името доаѓа од турскиот збор зор(т), „мака“.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Зорбатово броело 225 жители Македонци христијани и 60 Роми.[5][6] Според Христо Силјанов, по Илинденското востание во 1904 г. целото село (Зорбани) преминало под врховенството на Бугарската егзархија.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Зорбат (Zorbat) имало 400 жители Македонци, сите под егзархијата.[5][8] Според грчки извори, селото вратено под Цариградската патријаршија од грчките чети на капетаните Гоно Јотов и Константинос Буковалас.[9] Сепак, во селото имало и народно училиште.
Според извештај на Димитриос Сарос од 1906 г. Зорбас (Ζορμπᾶς) е словенојазично село во Воденската митрополија со 335 жители. Во селото работела грчката пропаганда — имало грчко основно училиште и детска градинка со 42 ученици (22 машки и 20 женски) со 2 учители.[10]
Во септември 1910 г. селото настрадало во разоружувачката акција на младотурците. Кметот Крсте Канчов бил обезглавен со секира.[11]
Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) Зурба пред Балканските војни се состоело од 50 македонски куќи.[12]
Во Грција
За време на Првата балканска војна во Зорбатово влегла грчка војска. Народното училиште било затворено, а инвентарот бил пренесен во грчкото училиште.[13] По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Зорбатово имало 274 жители кои во 1920 г. нараснале на 342 лица.[4]
По 1922 г. поради репресиите 47 жители се преселиле во Бугарија, а во 1924 г. тука се доведени Грци Кариоти од Мал Манастир, Бугарија.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Микро Монастири, превод на името на старото село.[3] Во 1928 г. Зорбатово е претставено како дојденско село со 312 жители од 79 семејства.[14] Според Тодор Симовски, истата година селото било мешана населба со 605 жители.[4] Во 1950 г. во селото се доселени и Каракачани.[3]
Жителите претежно се занимаваат со земјоделство, а помалку со сточарство. Земјиштето е извонредно плодно како последица од пресушувањето на Ениџевардарското Езеро.[4] Се одгледуваат ориз, памук, пченка и луцерка.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Кољо Петрушев — револуционер на ВМОРО, претседател на месниот комитет[15]
- Танас Лебанов — револуционер на ВМОРО[16]
- Георгиос Карадимос (Γεώργιος Καραδήμας) — андартски деец, агент од II ред[17]
- Јоанис Карозис (Ιωάννης Καρόζης) — андартски деец, агент оd II ред[17]
- Константинос Каркаманис (Κωνσταντίνος Καρκαμάνης) — андартски деец, четник[17]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads