Зркле
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Зркле — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Remove ads
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 660 метри.[2]
Атарот зафаќа површина од 5,8 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 258 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 89,4 хектари, а на пасиштата 83,7 хектари.[2]
До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.
Покрај главното село, каде се наоѓа и самата селска црква, лево од регионалниот пат се наоѓаат малку куќи, чиј дел е нарекуван Долно Зркле.
Remove ads
Историја
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) и имало 9 семејства и 1 неженети, сите христијани.[3]
Во XIX век, Зркле било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.
Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]
Стопанство
Селото нема развиена земјоделска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Зркле имало 180 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Зркле имало 160 жители.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Зркле се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]
Селото е мало и во 1961 година броело 276 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 104 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Зркле имало 86 жители, од кои 84 Македонци и 2 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 72 жители, од кои 69 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Во селото живеат повеќе родови на Македонци од православна вероисповед. Според родовските имиња се именувани и селските маала. Селото Зркле е поделено на четири маала,а тие се:
- Врќаковци
- Нејчевци
- Киревци и
- Мијајлевци.
Маалата своите имиња ги добиле по некои личности кои учествувале во разни организации. Малото Врќаковци го добило името по некој човек којшто се викал Врќак. Од него потекнува семејството Врќаковци на кои првиот учител и самоук лекар Славе Врќакоски. Во времето на турските борби Славе го лекувал Даме Груев во пештерите на ова село,откако го излекувал, во попски алишта го пренесол во селото Небрегово и му го предал на татко му на Блаже Конески.
Remove ads
Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Самоков, во која влегувале селата Бенче, Брест, Зркле, Звечан, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков и Сушица.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Зркле се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.
Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0257 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Зркле и Ковче, кое е сместено во Селскиот дом во Зркле.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[17]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[18]
- Ограда — населба од доцноантичко време
- Цркви[19]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква
Личности
Личности родени во Зркле:
- Ацо Видески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Зафир Миајлески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Костадин Видески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Стеван Војнески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Злате Мијајлески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Ристе Трпчески — загинат во Балканските војни / Првата светска војна[20]
- Милисав Видески — четник, дел од Равногорското движење на Дража Михајловиќ.
- Бранко Пројкоски (1920 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
- Воислав Костадиноски (1921 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
- Стојко Златески (1922 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
Remove ads
Галерија
- Куќи во Зркле
- Дел од селото
- Куќи во Долно Зркле
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads