Ковче

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Ковче
Remove ads

Ковче — село во Општина Македонски Брод, во близина на Самоков.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Горно Порече, во источното подножје на планината Добра Вода. Лежи на брегот на Мала Река, во рамничарски предел, на надморска височина од 550 м. Атарот има површина од само 1,9 км2[2] Крај селото минува и регионалниот пат Растеш - Калуѓерец (Р2132), кој го поврзува со Самоков на северозапад. На неколку стотини метри североисточно од Ковче е фабриката за муниција „Сувенир“ („Сумбро“).

Remove ads

Историја

Подрачјето на Ковче е населено уште од римско време, за што сведочат остатоците од населба во наоѓалиштето Грамадиште на 2 км јужно од селото.[3]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[4]

Стопанство

Според податок од 1998 г. Ковче поседува 149 ха шуми, 26 ха обработливо земјиште и само 5 ха пасишта.[2]

Население

Во XIX век Ковче било село во Поречката наија на Кичевската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ковче (Kovtché) било село со 6 домаќинства сочинети од 28 жители Македонци.[5][6]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ковче имало 24 жители, сите Македонци христијани.[5][7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ковче се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 2 куќи.[8]

На почетокот на XX век целото село било под удар на српската пропаганда и Цариградската патријаршија. Според патријаршискиот митрополит Поликарп Дебарски и Велешки, во 1904 г. во Ковче имало 4 „српски“ куќи.[9] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ковче имало 24 Македонци под патријаршијата и притисок на големосрпството.[5][10]

На етничката карта на Северозападна Македонија во 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Ковче како македонско село.[5][11]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[12]

Повеќе информации Година, Нас. ...

Ковче отсекогаш било мошне мало село кое почнало да расте пред Втората светска војна. Со изградбата на фабриката „Сувенир“ во наредниот период, неговото население драстично се зголемило, но потоа почнало да опаѓа, веројатно поради прераспоредување на работната сила. Според пописот од 2002 г. селото имало 8 жители, сите Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Remove ads

Општествени установи

  • Црква „Св. Кузман и Дамјан“ („Св. Илија“), изградена во 1973 г.[17]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0257 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Зркле и Старо Село, кое е сместено во Селскиот дом во Зркле.[18]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 67 гласачи.[19]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 68 гласачи.[20]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

Личности

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads