Иван Георгов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Иван Георгов
Remove ads

Иван Андреев Георгов (бугарски: Иван Андреев Георгов) — македонски педагог, научник, филозоф и историчар во Бугарија роден во Велес, Македонија.[1]

Thumb
Портрет од Иван Георгов

Животопис

Thumb
"Денешната положба во Македонија под грчка и српска власт и Општеството на народите", 1925.

Роден е во Велес на 7 јануари 1860 година. Син е на општествениот деец Андреј Георгов и брат на бугарскиот новинар и политичар Илија Георгов. Студирал во Јена, Германија, и Женева, Швајцарија. Доктор по филозофија на универзитет во Јена. Во 1889 ги завршил студиите со докторат и се вратил во Бугарија, каде бил примен на педагошка работа во Софискиот универзитет. Бил раководител на катедрата за историја на филозофските науки до 1934, декан на Факултетот за историја и филологија во 1901-1902 и 1908-1909, четири пати ректор на универзитетот (1898-1899, 1905-1906, 1916-1917, 1918-1919), а исто така член на Бугарската академија на науките од 1902 година и раководител на одделот за историја и филозофија во академијата од 1928 до 1936. Иван Георгов е еден од основачите и прв претседател на Македонскиот научен институт во периодот 1923-1927. Умира во Софија на 13 август 1936 .[1]

Remove ads

Дела

Remove ads

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads