Игра на тронови (ТВ-серија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Игра на тронови (ТВ-серија)
Remove ads

Игра на тронови (англиски: Game of Thrones) — американска фантастична телевизиска серија, создадена за HBO од Дејвид Бениоф и Д. Б. Веис. Оваа серија е адаптација на Песна за мраз и оган, серија на романи напишани од Џорџ Р. Р. Мартин, од кои првата е насловена како Игра на тронови. Снимањето се одвивало во студио во Белфаст, и на други места во Северна Ирска, Хрватска, Исланд, Мароко, Шпанија, Малта, Шкотска, како и во САД. Премиерата била на HBO, на 7 април 2011 во САД, a последната епизода од осмата сеозна била прикажана на 19 мај 2019 година, односно биле прикажани вкупно 73 епизоди.

Кратки факти Игра на тронови, Жанр ...

Дејството на серијата се одвива на измислените континенти Вестерос и Есос. Едната сижејна линија зборува за војната меѓу неколку благороднички семејства за Железниот престол на Седумте кралства; другата линија за воздигнувањето на протераниот потомок на претходно владејачката династија; третата сижејна линија — враќањето на древните, одамна изумрени суштества, Белите талкачи.

Игра на тронови постигна рекорден број на гледачи, како и особено голем број ангажирани обожаватели. Серијата е критички признаена, иако честата појава на голотија, насилство и сексуални сцени носат негативни критики. Серијата добила повеќе награди и номинации, вклучувајќи ја наградата Еми за првите пет сезони, наградата Златен глобус, како и наградата Хуго и Пибоди. Питер Динклиџ освои Еми-награда за најдобар спореден глумец во драмска серија, и Златен глобус за најдобар спореден глумец во драмска серија, минисерија или ТВ-филм, за неговата улога како Тирион Ланистер.

Remove ads

Содржина


Серијата Игра на тронови грубо ја следи приказната од Песна за мраз и оган.[5] Дејствието се одвива во измислените Седум кралства на Вестерос, а серијата ги прикажува борбите на водечките семејства за контрола на Железниот престол. Како што тече приказната, се појавува дополнителна закана од далечниот Север и од источниот континент Есос.[2] Првата сезона е верна адаптација на истоимениот роман. Понатамошните сезони се веќе се оддалечуваат од изворниот материјал. Според Дејвид Бениоф, серијата е „адаптација во целина, која ја следи мапата што Џорџ ја поставил, ги прикажува главните точки, но не и сите попатни станици“.[6]

Дејствието на серијата и ликовите се поттикнати од историски настани во Европа.[7] Главната инспирација е англиската Војна на розите[8] (1455–85) која се одвивала меѓу династиите Ланкастер и Јорк, отсликани во судирите меѓу династиите Ланистер и Старк. Поголемиот дел од Вестерос со замоците и витешките турнири потсетуваат на средниот век од Западна Европа. Кралицата Серси Ланистер потсетува на Изабела, наречена „волчицата од Франција“ (1295–1358), жената на Едвард II.[7] Впрочем, таа и нејзиното семејство, онака како што се прикажани во серијата романи на Морис Друон, Проколнати кралеви, во голема мера го инспирирале Мартин.[9] Останатите историски инспирации за некои од елементите во серијата се: Ѕидот на Хадријан (големиот Ѕид), легендите за Атлантида (древната Валирија), византискиот „Грчки оган“ („дивиот оган“), исландската сага за Викинзите (семејството Грејџој) и монголските орди (племето Дотраки), како и елементи од Стогодишната војна (1337–1453) и италијанската ренесанса (околу 1400–1500).[7] Големата популарност на серијата во најголем дел се припишува на вештината на Мартин да ги вткае сите овие елементи во еднородна целина, која е веродостојна во рамките на една алтернативна историја.[7]

Дејвид Бениоф предложил серијата да се рекламира како „Сопранови во Средната Земја“ укажувајќи на мрачните настани и фантастичниот свет во кој се случуваат тие.[10] Во 2012 година спроведена е студија според која серијата се наоѓа на второ место од 40 телевизиски американски драмски серии, според бројот на убиства, просечно 14 во една епизода.[11][12]

Remove ads

Епизоди

Повеќе информации Сезона, Епизоди ...
Remove ads

Ликови

Thumb
Питер Динклиџ (Тирион Ланистер)

Серијата е карактеристична по посебно големиот број ликови. Во текот на снимањето на третата сезона, забележано е дека учествувале дури 257 глумци кои играат главни или споредни улоги.[13][14] Во 2014 година, неколку договори на глумците биле повторно напишани за да се вклучи и седмата сезона, како и зголемен хонорар, со што влегуваат меѓу најскапо платените телевизиски глумци.[15] Следуваат оние кои се сметаат за дел од главните ликови.[16]

Лорд Едард „Нед“ Старк (Шон Бин) е глава на куќата Старк чии членови учествуваат во најголем број на настаните низ серијата. Со својата сопруга Кетлин (Мишел Ферли) имаат пет деца: најстариот син Роб (Ричард Маден), ќерките Санса (Софи Тарнер) и Арја (Мејси Вилијамс) и синовите Брен (Ајзак Хемстед-Рајт) и Рикон (Арт Паркинсон). Вонбрачниот син на Нед е Џон Сноу (Кит Харингтон), кој со својот пријател Семвел Тарли (Џон Бредли) е во служба во Ноќната стража, која е под команда на Џор Мормонт (Џејмс Козмо). Љубовта на Џон е црвенокосата Игрит (Роуз Лесли).

Долгогодишниот пријател на Нед е кралот Роберт Баратеон (Марк Еди) кој е оженет со кралицата Серси од семејството Ланистер (Лина Хеди), а пак таа е во тајна врска со својот брат Џејми (Николај Костер-Валдау). Тие имаат три деца, од кои најстар е Џофри (Џек Глисон), наследникот на Железниот престол. Со нив живее и нивниот помлад брат, џуџето Тирион (Питер Динклиџ) со својата љубовница Шеј (Сибел Кекили) и телохранителот Брон (Џером Флин). На чело на семејството Ланистер се наоѓа лордот Тајвин (Чарлс Денс).

Членови на кралскиот Мал совет го сочинуваат Питер „Малопрст“ Бејлиш (Ејдан Џилен) и Варис (Конлет Хил). Право на престолот има и братот на Роберт Станис (Стивен Дилејн), кого го советуваат свештеничката Мелисандра (Керис ван Хаутен) и бившиот шверцер сер Давос Сиворт (Лијам Канингхем). Богатото семејство Тирел го претставува амбициозната Мерџори Тирел (Натали Дормер).

Од другата страна на морето, прогонети живеат братот и сестрата Визерис (Хери Лојд) и Денерис Таргариен (Емилија Кларк), деца на поранешниот владетел на Седумте Кралства. Денерис е мажена за Кал Дрого (Џејсон Момоа) кој го предводи номадскиот народ Дотраки. Во нејзината свита се наоѓа протераниот витез сер Џора Мормонт (Иен Глен).[17]

Remove ads

Производство

Thumb
Д.Б. Веис и Дејвид Бениоф, ги напишаа најголемиот број епизоди, а режираа некои од нив

Снимањето на серијата започнало во јануари 2007 година[18] кога се откупени правата. Буџетот на серијата изнесувал 50-60 милиони американски долари,[19][20] а за снимање на премиерната епизода, потрошени се од 5 до 10 милиони долари.[21] Првата сезона е снимана во Северна Ирска и Малта, додека понатамошните сезони се снимаат и во Дубровник.

За снимање на втората сезона, буџетот е зголемен за 25%, а најголем дел од парите се потрошени за да се прикаже веродостојно граѓанската војна и борбата за престолот околу кој се одвиваат најголем дел од настаните.[22]

Remove ads

Популарност

Thumb
Малта, местото каде е снимена свадбата Дотраки, сезона 1

Серијата важи за една од најочекуваните телевизиски настани во 2011 година.[23][24]

Серијата доби одлични критики како од критичарите, така и од обожавателите. Пофалбите одат за прекрасната режија, изборот на глумци, веродостојно создадениот свет, уверливите ликови, како и одличната глума на децата глумци.[24][25]

Мрежната страница Метакритик на серијата ѝ дава оценка 79 од 100 можни, а корисниците ја оцениле со 8,9 од 10 можни.[26]

Серијата се нашла на бројни листи како „најдобра за 2011 година“, вклучувајќи ги и листите на Вашингтон пост и Тајмс.[27][28]

Remove ads

Галерија

Слики на главните глумци

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads