Изет Меџити

политичар From Wikipedia, the free encyclopedia

Изет Меџити
Remove ads

Изет Меџитимакедонски политичар, градоначалник на Општина Чаир во периодот од 2005 до 2017 година, пратеник и моментален министер за животна средина и просторно планирање.

Кратки факти Изет Меџити, Министер за животна средина и просторно планирање ...
Remove ads

Рани години

Изет Меџити е роден на 8 февруари 1977 година во Скопје. Средно образование завршил во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ од Чаир. Дипломирал на Економскиот Факултет - Скопје, а бил на последипломски студии од областа на јавниот менаџмент. Во периодот 2001-2003 бил професор по економија во средното училиште „Арсени Јовков“. Откако го напуштил професорското место, работел како економски советник во Македонски Пошти до 2005 година.[1]

Remove ads

Политичка кариера

Меџити бил член на политичката партија ДУИ, како еден од четворицата потпретседатели на партијата, заедно со Теута Арифи, Невзат Бејта и Гзим Острени. Освен тоа, тој бил и член на Централното претседателство на партијата.

Првиот мандат како градоначалник го добил на изборите за локална самоуправа во 2005.[2] Тој на локалните избори 2013 остварил една од најубедливите победи во вториот изборен круг со освоени 70% од гласачките ливчиња.[3]

Во негово време бил поставен споменик на „Скендер-бег“ на општинскиот плоштад.[4]

За време на неговиот втор мандат донел одлука за преименување на четири основни училишта од општината, која е противзаконска.[5] Поради незаконитоста на одлуката на сведителствата кои се издаваат во овие училишта стоеле старите имиња на училиштата.[6]

Тој бил вмешан во инцидентот од 2011 година кога била урната црквата на Скопско кале, со што се заостриле меѓуверските односи.[7]

На 13 август 2023 година, ја официјализирал својата партија „Демократско Движење“, со која на парламентарните избори во 2024 година, настапиле во коалицијата „Вреди“ предводена од „Беса“, на кои освоиле 107.081 гласови, односно 10.93% од гласовите и освоиле 13 пратенички мандати.

По парламентарните избори во 2024 година, на 23 јуни 2024 година бил избран за министер за животна средина и просторно планирање и прв заменик премиер во владата на Македонија.

Remove ads

Приватен живот

Меџити се оженил 10 јули 2006 година со сопругата Ава, која работи како педагог во градинка од Чаир. Инаку тој е единствен син во неговото семејство, а има и една сестра. Не е голем љубител на спортот, но активно се занимава со планинарење. Како што тој самиот истакнал, Старата скопска чаршија е неговиот омилен дел од градот.[8]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads