Македонски парламентарни избори (2024)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Македонски парламентарни избори (2024) — единаесетти по ред парламентарни избори во Македонија. Парламентарните избори се одржале на 8 мај 2024 година заедно со вториот круг на Претседателските избори.[1]
Remove ads
Заднина
На Македонските парламентарни избори во 2020 година победила коалицијата „Можеме“, формирана околу Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Движењето Беса. Ова било првпат од 2002 година социјалдемократите да излезат на врвот на ваков тип на избори. Овој настап сепак бил оквалификуван како тесна победа поради малата разлика во гласовите и местата што ја делеле коалицијата од онаа на „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Поразот на вторите, сепак, на меѓународно ниво бил дочекан со олеснување, при што економските и дипломатските кругови стравувале дека нивното доаѓање на власт би предизвикало нова тензија во регионот и би го довело во прашање почетокот на пристапните преговори со Европската унија, поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор и договорот за добрососедство со Бугарија.[2][3]
Бидејќи ниту една партија немала апсолутно мнозинство, требало да се преговара за формирање на коалициска влада. Демократската унија за интеграција, која се наоѓала на третото место, се нашла на позицијата на креатор на владата, а со тоа туркала да го потврди своето барање во кампањата за добивање на функцијата претседател на владата или „Албанец премиер“, нешто што и Зоран Заев и Христијан Мицкоски го оцениле како неприфатливо.[2]
Првата седница на новиот законодавен дом заседавала на 4 август, со примена на бројни конкретни здравствени мерки поради пандемијата на Ковид-19. Оваа прва собраниска седница отворила дваесетдневен период на кој лидерот на победничката партија на изборите, Зоран Заев, преговарал за добивање на апсолутното мнозинство пратеници. По овој рок задачата да ги води овие преговори би паднала на Христијан Мицкоски.
СДСМ и ДУИ биле блиску до договор за коалиција, претседателот Стево Пендаровски го задолжил Зоран Заев да формира влада.[4][5] Конечно на 18 август бил постигнат договор меѓу двете партии за повторно именување на Зоран Заев за шеф на владата. На тој начин, ДУИ се откажувал од своето изборно ветување дека ќе назначи претседател на владата од албанското малцинство, но за возврат добила гаранција дека следниот претседател на преодната влада задолжен за тековните работи во текот на 100-те дена пред следните избори би дошол од оваа етничка група.[6] Коалициската влада ја добила поддршката и од Демократската партија на Албанците и изгласала доверба во парламентот на 30 август 2020 година.
По тешкиот пораз на Социјалдемократскиот сојуз на локалните избори, на 31 октомври 2021 година, Зоран Заев најавил намера да поднесе оставка од раководството на партијата и владата. Една недела подоцна, лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски најавил дека ќе поднесе предлог за гласање на недоверба со поддршка на Движењето Беса, досега член на парламентарното мнозинство, но не успеал со еден глас на гласањето во 11-ти ноември.[7]
На 6 декември, Зоран Заев склучил договор со албанската Алтернатива за замена на Беса во парламентарното мнозинство, со што обезбедил стабилност на владината коалиција. Димитар Ковачевски бил избран во декември за претседател на СДСМ со комфорно мнозинство, а на 29 декември му бил доверен мандатот за состав на нова влада откако Заев и формално поднел оставка.[8]
Тој ја презентирал својата програма и неговиот тим пред пратениците на 16 јануари 2022 година, кои му ја дале довербата со 62 гласа „за“.
На 28 јануари 2024 година, Талат Џафери станува претседател на владата на Македонија, првиот албанец во земјата што стигнал до оваа функција. Тој бил избран од Собранието со 65 гласа за, 3 против и ниту еден воздржан. Џафери бил на чело на техничка влада која ќе ја води сто дена, до парламентарните избори на 8 мај.[9]
Remove ads
Изборен систем

Од 123 пратенички места во Собранието на Републиката, 120 се избираат од шест изборни единици со 20 пратенички места во Македонија со пропорционална застапеност од затворена листа, при што местата се доделуваат по Донтовиот метод. Преостанатите три места ги избираат Македонците кои живеат во странство,[10] но на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско конзуларните претсавништва на Македонија во странство не се пријавиле доволно гласачи, државјани на Македонија.
Remove ads
Политички партии
Табелата подолу ги наведува партиските групи претставени во Собранието на Републиката како резултат на изборите од 2020 година.
Remove ads
Изборни листи
Поднесени биле 17 кандидатски листи, од кои 16 на политички партии и коалиции и една од група избирачи. Севкупно, на изборите учествувала 61 партија. Од нив, 11 настапиле самостојно, а 50 во пет коалиции.[11]
- Коалиција „За европска иднина“ (СДСМ, ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, ПДТ, ДСВМ, СРМ, Странка на демократска акција на Македонија, ДОМ, Десница, ПОПГМ, ПДПР, ПОЕН и ССМ)
- Коалиција „Твоја Македонија“ (ВМРО-ДПМНЕ, СПМ, ДПСМ, ДС, МААК, ДНЕТ, СНСМ, БНП, ДСР, ПОДЕМ, Партија на Власите од Македонија, ГЛАС за Македонија, НЛП, СДУ, РОМ, ДПР, РЗПРМ, ОПЕР, Достоинство, ТМРО, Обединети за Македонија и Македонски Концепт)
- Коалиција „Храбро за Македонија“ (ГРОМ, Интегра и ПЦЕР)
- Коалиција „Европски Фронт“ (ДУИ, Алијанса за Албанците[б 1], ДПА, ЕДП, НД, ДПТ, Унија на Ромите, БДС)
- Левица
- Коалиција „Вреди“ (Беса, Алтернатива, Демократско Движење)[б 2]
- Движење ЗНАМ - За наша Македонија
- Единствена Македонија
- Нова Алтернатива
- Аваја
- Група избирачи Џула Челику
- Македонска Ера Трета
- Твоја
- Родина
- Десна
- Демократи
- Работничка партија
Изборни листи по изборни единици
Remove ads
Партиски слогани
Дебати
ИЕ1
ИЕ2
ИЕ3
Remove ads
Митинзи и средби со граѓани
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со своите коалициони партнери, своите програми ги претставувале на поголеми митинзи и средби со граѓани во големите градови и центри на општини, додека другите помали партии и коалиции тоа го правеле на помали настани и средби, учествувале на отворени дискусии, конвенции, семинари и оддржувале голем број на прес-конференции. Политичките партии од албанскиот политички блок своите средби ги воделе најчесто во општините и населени места со значително албанско население.
Remove ads
Анкети на јавното мислење

Предвидување на пратенички места
Remove ads
Резултати
Белешки
- Фракцијата на Зијадин Села од Алијанса за Албанците
- Ја вклучува и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците
- Коалиција „Храбро за Македонија“
- Ја вклучува и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците
- ДУИ и СДСМ се заедно
- Ја вклучува и фракцијата на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads