Иларион Пенчев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Иларион Пенчев
Remove ads

Иларион — православен духовник, прв бугарски неврокопски митрополит од 1894 до 1912 година.[1][2]

Кратки факти Иларион Пенчев, Роден(а) ...

Животопис

Роден е сo световно име Иван Пенчев Станев на 5 септември 1850 година во трновското село Церова корија. Во 1871 година се замонашил под името Иларион во Капиновскиот манастир и во следната година станал ѓакон на митрополитот Григориј Доростолски и Червенски. Учел во богословското училиште во Петропавловскиот манастир од 1873 до 1878 година,[1] после што започнал да учи во Одеската семинарија, која ја завршил во 1884 година.[3][1]

Thumb
Првото колено матуранти во Солунската гимназија во учебната 1885/86 год.
Прв ред (учители): Г. Миндов, А. Кулев, Х. Димитров, К. Стателов, Ф. Сплитек, Г. Прличев, Г. Кандиларов, архимандрит К. Пречистански, ѓакон И. Пенчев, Г. Попов, П. Драганов, А. Дојкин, Ј. Буфети
Втор ред (матуранти): Х. Нечев, Ј. Читкушев, Ј. Мирчев, И. Липошлиев, Д. Изов, Б. Кушев, Л. Тодев, Ј. Бомболов, Г. Стрезов, П. Мавродиев, А. Кожухарски

Потоа се вратил назад, а од 1884 до 1886 година предавал во Солунската гимназија. Од 1886 до 1891 година е ректор на Одринското бугарско свештеничко училиште, кое во 1890 година е преместено во Цариград. В 1891 е ракоположен за јеромонах и до 1894 година е на чело на бугарската црковна обштина во Сер. Истовремено предавал и во Серското четирикласно училиште.[4]

На 24 април 1894 година е ракоположен за прв бугарски неврокопски митрополит.[1]

Во 1905 година, дејци на ВМОРО дознале дека грчкиот комитет во Драма испратил терорист да го убие Иларион Неврокопски. Деецот на ВМОРО Спас Д'маков успеал да го убие грчкиот деец во центарот на Неврокоп, преди тој да направи обид на митрополитот.[5]

Иларион се повлекол на 30 јуни 1912 година поради влошено здравје[6] и се населил во Трново, каде што умрел во 1925 година.[7] Погребан е во црквата „Свети Јован Претеча“ во Церова корија. Завештал околу 200 000 лева за развојот на просветата во Неврокопско и Трновско.[8][9][1]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads