Инче

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Инчеmap
Remove ads

Инче — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во влезот во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, во средното сливно подрачје на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 820 метри.[2]

Атарот е релативно мал и зафаќа површина од 6,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 564 хектари, додека на обработливото земјиште отпаѓаат 63 хектари, а на пасиштата само 20 хектари.[2]

До селото води асфалтиран пат, кој се двои од регионалниот пат кој води до поранешното општинско средиште Самоков.

Remove ads

Историја

Во XIX век, Инче било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Селото нема развиена земјоделска функција.[2]

Во Инче се подготвува изградба на поголема сончева електрана на простор од 2,8 ха во вредност од 1 милион евра како инвестиција од германското претпријатие „Мини хидроцентрали“ од Меминген.[4] Истото претпријатие им пројавено интерес за откупување на уште три места околу селото.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Инче имало 100 жители, сите Македонци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Инче имало 160 жители.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Инче се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Во однос на бројот на населението, селото не било големо ниту во поранешните пописни години. Во 1961 година броело 158 жители, додека во 1994 година уште помалку, само 45 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Инче имало 30 жители, од кои 29 Македонци и 1 останат.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Инче е македонско село.

Родови во селото се: по преданието овде постоело село со 50 до 80 куќи, но поради чума и турските зулуми тоа опустело. Од селото останал само еден дечко, кој учел школо во Скопје. Тој во Скопје направил некое злосторство и Турците го затвориле. Долго време лежел во затвор и никој за него не прашувал. Поради тоа Турците го прашале дали има роднини, а тој одговорил дека нема роднини, само познавал некој спахија во Кичево. Турците го викнале тој спахија, и тој го извадил од затворот, го земал со себе и го донел во селото. Дечкото во селото се запопил, и од него потекнува цело село, тоа е: Поповци (19 к.), до основачот на родот има 6 појаси (поп Стаме, Трајан, Стојче, Стане, Столе и Трајан). Според тоа има 200 (денес 283 години) години, од основачот на селото.[14]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Манастирец, во која влегувале селата Горни Манастирец, Долни Манастирец, Драгов Дол, Инче, Томино Село и Тополница.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Самоков, во која покрај селото Инче се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Самоков, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0265 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 8 гласачи.[17]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[18]
  • Црква „Св. Талалеј” — главна селска црква

Личности

Родени во Инче

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads