Инџес
село во Кавалско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Инџес или Инџелер (грчки: Παράδεισος, Парадисос, до 1926 г. Ίντζες, Инѕес[2]) — село во Саришабанско, Егејска Македонија, денес во општината Места на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Населението брои 216 жители (2011). Претставува најисточното населено место во Егејска Македонија и цела Македонија воопшто.
Remove ads
Географија
Селото е сместено североисточно од градот Саришабан, на десниот брег на реката Места, крај главниот пат од Кавала и Саришабан за Скеча. Се наоѓа на надморска височина од 70 м, а атарот зафаќа површина од 11 км2.[2]
Историја
Кај селот има остатоци од антички град кој се поистоветува со тракискиот град Топир.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Инџес живееле 175 жители Турци[4], но населението веројатно било побројно, бидејќи во пописот во 1913 г. се евидентирани 589, а во 1920 г. — 306 жители.[2]
Лозанскиот договор од 1923 г. турското население е присилно иселено, а доведени се поголем број на грчки бегалски семејства од Турција. Во 1928 г. попишани се 572 жители, а во 1941 г. бугарската окупациска власт евидентирала 625 жители.[2]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Саришабан со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Места, во округот Кавала. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Инџес, во кој тоа е единствено населено место.
Стопанство
Обработливите површини се мошне ограничени, но земјиштето е плодно и дава високи приноси, наводнувајќи се од реката Места. Главни земјоделски култури се тутунот и пченицата, а развиени се лозарството и овоштарството.[2]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads