Исмаили
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Исмаили (грчки: Δασοτόπι, Дасотопи) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Долна Џумаја во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало западно од Коприва и на 2 км североисточно од Хамзали.[1]
Историја
Во XIX век Исмаили било турско село во Серската каза на Серскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Исмаили имало 95 жители Турци.[2]
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 141 жител. Селото настрадало за време на Првата светска војна, поради што во пописот од 1920 г. година се води како напуштена населба. Обновено е од грчки бегалци во 1924 година, кога биле сместени 26 бегалци, колку што броело селото во пописот од 1928 г. Во 1926 година, името на селото било променето во Дасотопи (Δασοτόπι). Бидејќи немало поволни услови за живот, селото било напуштено и не се спомнува во подоцнежните пописи.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads