Фризија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фризија (западнофризиски: Fryslân ; севернофризиски: Fraschlönj, Freesklöön, Freeskluin, Fresklun и Friislön’; затерландски: Fräislound; германски и холандски: Friesland) — крајбрежен регион во Западна Европа, поточно на југоисточните брегови на Северното Море. Фризија е традиционална татковина на Фризите, германски народ чиј јазик е фризискиот. Фризија се протега од северозападна Холандија преку северозападна Германија, па сè до границата со Данска.
За други значења на поимот, погл. Фризија (појаснување).
Remove ads
Поделба
Фризија е поделена на три дела:
- Фризија — покраина во Холандија или позната како „Западна Фризија“ (Западен Фризланд),
- Источна Фризија (Источен Фризланд) во Долна Саксонија, Германија,
- Северна Фризија (Северен Фризланд) во Шлезвиг-Холштајн, Германија.
Историја

Фризија се променувала драстично низ историјата, што во географска смисла поради поплави што во етничка.
Римски период
Фризите започнале да се населуваат во Фризија околу 500 г. п.н.е. Според хроничарите од тоа време, Фризите живееле на вештачки изградени мали брда.[1] Според други извори, Фризите живееле на поголема територија покрај Северното Море.[2] Како и да е, во тоа време Фризија ги опфаќала денешните покраини Фризија и Северна Холандија.
Фризиско Кралство
Фризиското Кралство или Голема Фризија е поранешна држава која се протегала на териториите на денешни Холандија и северна Германија, или поточно на територијата на Фризија. Основано е во 600 година и се распаднало по Битката за Боарн во 734 година кога државата била поразена и освоена од Царството на Франките.
Remove ads
Поврзано

Наводи
Користена литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads