Ијирак (месечина)
месечина на Сатурн From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ијирак или Сатурн XXII (22), е мал напредна неправилна месечина на Сатурн. Откриен бил во 2000 година од тимот на Брет Гледман, Џон Џ. Кавеларс и др., и му била дадена привремената ознака S/2000 S 6.[4][5] Името го добил во 2003 година по ијирак, суштество во Инуитската митологија.[6]

Ијирак кружи околу Сатурн на просечно растојание од 11,1 гигаметри за 451 ден, со орбита многу слична на таа на Кивиук. Се верува дека Ијирак е во Козаиева резонанца: неговата орбита циклично го намалува наклонот додека ја зголемува занесеноста и обратно. Орбиталниот аргумент на перицентарот осцилира на околу 90° со амплитуда од 60°.[7]
Remove ads
Физички одлики
Иако Ијирак е член на Инуитската група на нерегуларни сателити,[8] неодамна било забележано дека е изразито поцрвен од Палијак, Сијарнак и Кивиук. Неговата спектрална косина (мерка за рефлексија на телото во функција на брановата должина) е двојно пострмна од таа на другите сателити од Инуитска група (20% на 100 nm), што е карактеристично за црвени заднептунски тела како Седна, но ги нема кај неправилните сателити. Исто така, во спектарот на Ијирак[9] нема слаба апсорпција од приближно 0,7 μm (а е пронајдена кај другите три тела) што најверојатно се должи на водена хидратација.[10]
Remove ads
Име
Ијирак го добил името во 2003 година по Ијирак, суштество од Инуитската митологија.[6]
Кавелаарс, астроном од Мекмастер Универзитетот, го предложил имево со цел да се престане со именувањето на астрономските тела по ликови од грчко-римската митологија и карактери од ренесансните дела. Поминал неколку месеци во обид да најде имиња кои би биле и мултикултурни и канадски, но не успеал да најде ништо соодветно. Во март 2001 година, додека им читал приказна за Инуитите на своите деца, конечно го нашол тоа што го барал. Ијирак играл криенка, а истото го правеле и овие мали месечини на Сатурн: тешко е да се најдат и се ладни како канадскиот арктик (во тимот на откривачи имало канаѓани, норвежани и исланѓани). Кавелаарс стапил во контакт со авторот на приказната, Мајкл Кусугак, за да добие негова согласност, а тој, исто така, ги предложил имињата за Кивиук и 90377 Седна.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads