Каваклија (Кукушко)
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Каваклија ([Πέρινθος, Перинтос, до 1926 Καβακλή, Кавакли] Error: {{Langx}}: text has italic markup (help))[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 12 километри југоисточно од градот Кукуш и на 20 километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, и на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 99 метри.
Историја
Во 1848 година рускиот славист Виктор Григорович во своето дело „Есеј за патувањето низ Европска Турција (руски: Очерк путешествия по Европейской Турции), селото го опишал како чисто македонско[3].
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Каваклија се состоело од 15 семејства и 48 мусимани.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 50 жители Македонци[5][6]
По крајот на војната, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1928 година, селото било преименувано во Перинтос.[7] Голем дел од муслиманското население заминало од селото кон Турција, додека македонското заминало кон Македонија или Бугарија и на негово место било населено грчко население од Понд. Во 1928 година селото броело 123 жители[8]
Во текот на Грчката граѓанска војна, селото настрадало во голема мера.
Remove ads
Демографија
По крајот на Балканските војни, бројот на населението во селото било 37 жители (1913). Селото во пописот од 1940 година броело 202 жители, 1951 година броело 181 жител, на пописот од 1961 година во селото живееле 157 жители, во 1971 живееле 99 жители, во 1981 живееле 25 жители и во 1991 43 жители. Денеска, населението на селото е 46 жители[9].
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Бидејќи самото село се наоѓа на поле, селото е богато со жито. Населението се занимава и со сточарство.
Градби
Во селото има едно мало училиште, кое не работи, како и една црква која била изградена во 1939 година, и посветена на Светиот крст.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads