Кавак (Лагадинско)
село во Лагадинско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кавак (грчки: Λευκούδα, Левкуда; до 1927 г Καβάκι, Каваки[2]) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција[3]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Левкуда бил дел од општина Маслар[3].
За Другото истоимено село, видете Кавак (Нигритско).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 23 километри западно од Ставрос и 71 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа во јужното подножје на Богданска Планина (Кердилија), над Бешичко Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 400 метри.
Кавак опфаќа површина од 48 квадратни километри[4].
Историја
Во XIX век ова било муслиманско село кое се наоѓало во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 130 жители Турци[5].
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија, додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.
Во 1927 година селото било преименувано во Левкуда[6].
Денес, населението на селото главно се занимава со земјоделство и сточарство.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 19 семејства и со 94 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 276 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 232 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 332 жители, во 1971 година имало 287 жители, во 1981 година имало 164 жители, додека во 1991 година имало 156 жители[8] а во 2001 имало 169 жители[9]. Денеска, населението на селото е 121 жител според пописот од 2011 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1955 г.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads