Маслар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Масларmap
Remove ads

Маслар (грчки: Αρέθουσα, Аретуса) — село во Општина Бешик во Солунски округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.[2]. Пред реформата на локалната власт во 2011 година Аниксија бил дел од општина Маслар[2].

Кратки факти Маслар Αρέθουσα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 17 километри северозападно од Ставрос и 79 километри источно од Солун, во северниот дел на Халкидик. Селото се наоѓа на надморска височина од 374 метри во јужните делови на Богданска Планина, над Бешичкото Езеро (Волви).

Маслар опфаќа површина од 57 квадратни километри[3].

Историја

Во XIX век Маслар било село во Лагадинската каза во рамките на Отоманското Царство.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 180 жители Турци и 350 Грци[4]. Селото било под влијание на Цариградската патријаршија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 600 Грци и во селото работело грчко училиште.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1913 година, во селото живееле 483 лица[5]. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население било принудено да ги напушти своите домови.

Според царската наредба од 28 јули 1918 година, селото претставувало самостојна општина во Лагадинската околина. Во негов состав влегувало уште и селото Кавак.

Во 1927 година селото било преименувано во Аретуса. Бидејќи селото се наоѓа на рамнина, тоа е прилично богато. Неговите жители главно се занимаваат со производство на памук, тутун и овошје.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско село со 73 семејства и со 267 жители.[6] додека во 1940 година селото броело 936 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1056 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 1269 жители, во 1971 година имало 1072 жители, во 1981 година имало 1067 жители, додека во 1991 година имало 993 жители[7] а во 2001 имало 929 жители[8]. Денеска, населението на селото е 748 жители според пописот од 2011 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads