Кавалски Санџак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кавалски Санџак (османски турски: Sancak-i/Liva-i Kavala) ― отомански санџак или лива, односно покраина од второ ниво, што го опфаќала регионот околу пристанишниот град Кавала (сега во Егејскиот дел на Македонија) во источна Македонија.

Кратки факти
Remove ads

Историја

Градот веројатно паднал во рацете на Османлиите околу 1383 година, кратко по падот на Сер.[1] Во 15 век, Кавалско било познато по своето производство на житарки и свила, но главно по рудниците за сребро.[1]

Санџакот е споменат од Леунклавиј во 1588 година и повторно во седмиот том од патописите на Евлија Челеби како покраина на Островскиот Ејалет, но во петтиот том од истото дело едноставно како капетанија на Галиполскиот Санџак.[2] Во времето на посетата на Евлија Челебија, Санџакот содржел 12 зијамети и 235 тимари и бил поделен на седум кази.[1]

Во 18 век и првата половина на 19 век, Драмскиот Санџак бил дел од Румелискиот Ејалет;[2] неговите приходи обично му биле доделени на пашата на Солун, кој управувал со Санџакот преку фискален агент (мутеселим).[1] Со административните реформи од 1864 година, Санџакот бил укинат и вклучен во Драмскиот Санџак кој бил дел од Солунскиот Вилает. Градот Драма останал средиште на казата во новата покраина.[1][2]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads