Калиште
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Калиште — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Горни Полог, во источното подножје на Шар Планина, оддалечено 16 километри северозападно од Гостивар.
Историја
Стопанство
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 500 Албанци.[3]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 681 жител, од кои 1 Македонец, 668 Албанци и 12 останати.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 511 жители, од кои 482 Албанци и 29 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови:
Калиште е албанско село.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото:
Доселеници
- Меметолар или Скавица (25 к.) доселени се од селото Скавица во Љума, северна Албанија. Овде се доселиле преку превојот Враца на Шар Планина. Го знаат следното родословие: Шефик (жив на 65 г. во 1947 година) Али-Емрула-Јакуп-Ајваз-Алија, кој се доселил. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство), Врапчиште и Сенокос.
- Монолар или Дреч (26 к.) доселени се од некое село во Албанија. Според П. Јовановиќ, доселени се од некое село на планината Кораб. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Турција (едно семејство).
- Фератолар или Хасњан (23 к.) доселени се од Хаса во северна Албанија (некои кажуваат од Бицаја во Љума). Постои и трето предание според кое се доселени од областа Матија. Имаат иселеници во Пожаране, Пирок, Сенокос и Турција (три семејства).
- Реч (28 к.) доселени се од истоименото село во Калиса во северна Албанија. Имаат иселеници во Турција (едно семејство).
- Ѓани (1 к.) доселени се од селото Штировица во Горна Река. Подалечно потекло од северна Албанија.
- Исмаиловци (1 к.) доселени се од селото Пожаране. Таму припаѓале на истоимениот род. Имаат православни Македонци за роднини (Шутевци).[10]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 452 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 814 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
- Рухи Бакиу (р. 1964) - дипломиран правик, публицист и член на РКЕ[13]
Култура и спорт
Иселеништво
Од Албанците покрај наведените иселеници во Тетово, Гостивар, Турција и некои полошки села. Иселени се и Таироски во селото Новаќе. Калишт во селото Сенокос. Калиш во селото Радуша.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads