Пирок
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пирок — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Пирок претставува големо село во Полошката Котлина, во областа Долни Полог. Југозападно од селото се наоѓа соседното Градец, додека североисточно, Боговиње и со двете соседни села и речиси целосно споено. Селскиот атар се простира низ котлинското дно, каде што се наоѓаат нивите, а на планинскиот реон се наоѓаат шумите и пасиштата. Најпознати селски топоними се: Нишинци, Забел, Слоџе, Караџица, Поточиште, Жука, Чимава, Лончане и др. Пирок е населба од збиен тип и се состои од неколку маала: Џаме Маало, Прти Ујт Маало, и Епр Маала. Кон патот кој води за Гостивар, во минатото постоело село наречено Драгош. За време на турското владеење селото било опустошено и целиот имот му припаднал на Пирок.[2]
Атарот на селото зафаќа простор од 9,2 км2 и селото има полјоделска функција. Селото е рамничарско, на надморска височина од 520 метри.[3]
Remove ads
Историја
Пирок е стара населба. Во 1461 или 1462 година се споменува патпо „кој води од Тумчевиште во Пиргос“, а исто и патот кој „поминува од Горно Фалише за Пиргос“.[4] Селото се споменува и во помените на Бигорскиот Манастир, во кој пишува дека „приложници на манастирот се Тошо и Анто од полошкото село Пирок“. Над селото постои место т.н. Киша (во превод црква), за која се смета дека тука се наоѓала црквата на веќе иселените Македонци. Околу истата се наоѓаат и гробишта. Денес овие остатоци не се видливи. Недалеку од црковната месност, подоцна била изградена текија. Во минатото во селата имало и манастир, каде во него живееле 20 монаси. Денес остатоци од објектот нема. На крајот од XIX век, Пирок било чифлишко село, во кое имало три чифлици, и тоа на Џафер-бег, Ѓок-бег и Алим-бег. На чифлиците работеле Македонци, кои по падот на чифлигарството се иселиле.
За името на селото постојат две тези. Едната теза според жителите Албанци на селото е дека името доаѓа од самиот основач на селото, односно Петре или некој со слично име. Втората теза која научно е поддржана е дека името потекнува од грчкиот збор Пиргос, што значи кула.[5]
Remove ads
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пирок живееле 600 жители, сите Албанци.[6]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година Пирок — село во Сенокоска општина во Долнополошкиот срез и има 145 куќи и 1.252 жители Албанци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.500 Албанци.[8]
Според пописот од 2002 година, Пирок имало 4.701 жител и со тоа претставува едно од најголемите села во Полог, но и во цела Македонија. Во селото живееле 4.672 Албанци, 1 Србин и 28 останати.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3.963 жители, од кои 3.695 Албанци и 268 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови:
Последниот македонски род кој живеел во селото биле Петревци и Николовци, кои се иселиле некаде пред Втората светска војна. Македонците од Пирок по својата носија, јазикот и обичаите припаѓале на горнополошката етничка група. Сите жители на селото се доселеници. Денес постојат само албански родови, но некои од нив се албанизирани и исламизирани, како на пример родовите Драгоши, Видуше, Ашиколарци, Укче, Бислими и Ѓеролари.[15]
Пирок е албанско село, а имало и Срби во селото.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
Албански
- Сејфуловци (32 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Бајтулар (9 к.) доселени се од местото Дукаќики во северна Албанија.
- Ајдарче (9 к.) доселени се од некое место кај Љума во северна Албанија.
- Азилалар (6 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Пајлулар (7 к.) доселени се од селото Лакавица. А таму се доселени од некое место во северна Албанија.
- Спајилар (13 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Церени (21 к.) доселени се од селото Церени во Калиса, северна Албанија.
- Дервишалар (15 к.) доселени се од селото Гајре. А таму доселени се од некое место во северна Албанија.
- Фератолар (19 к.) доселени се од некое место во Матија, северна Албанија.
- Курталар (4 к.) доселени се од некое село кај Пешкопеја во северна Албанија.
- Исакулар (13 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Џафере (6 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Хоџалар (15 к.) доселени се од селото Балта кај Пешкопеја во северна Албанија.
- Османови (14 к.) доселени се од Порече. А таму се доселени од некое место во северна Албанија.
- Куртешови (5 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Демиролар (2 к.) доселени се од селото Шипковица. А таму се доселени од некое место во северна Албанија, припаѓале на фисот Красниќи.
- Тафолар (6 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Софталар (8 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Кадрија (1 к.) доселени се од селото Горно Седларце.
- Беќир (1 к.) доселени се од некое место во северна Албанија во 1918 година.
- Фератолар или Хасњан (1 к.) доселени се од селото Калиште. А таму од фисот Хаса во северна Албанија.
- Драгаши (10 к.) доселени се од раселеното село Драгаш, кое постоело во близина. Основачот на родот бил православен, и зборувал на македонски.
- Велјаше (4 к.) и тие се староседелци во селото. Порано биле православни.
- Видуше (21 к.) доселени се од мијачкото село Видуше во Долна Река. Основачот на родот бил Торбеш.
- Ашиколар (7 к.) доселени се од некое село во Гора. Основачот на родот бил Горанец.
- Укче или Шабанои (1 к.) доселени се од селото Пожаране.
- Бислим (1 к.) доселени се од некое село во Гора.
- Ќеролар (6 к.) доселени се од некое село во Дебарско. Основачот на родот бил Торбеш.[16]
Српски
Ромски
Remove ads
Личности
- Хисен Рамадани (р. 3 јануари 1923) - македонски политичар и политиколог.
- Садик Садику (р. 25 февруари 1930) - македонски просветен и политички деец
- Плумб Јусуфи (р.10 February 1988) - македонски и хрватски фудбалер;
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2067, 2068, 2069, 2069/1, 2070, 2070/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште и месна заедница.[17]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4.272 гласачи.[18]
Институции
- ОУ „Сами Фрашери“ — селското основно училиште
- ФК Пирок - фудбалски клуб од селото
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads