Новаќе
село во Општина Боговиње From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Новаќе — село во Општина Боговиње, во околината на градот Тетово.
Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Новаќе живееле 175 жители, од кои 135 Албанци и 40 Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Новаќе имало 32 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Брвеничка општина во Долнополошкиот срез и имало 22 куќи со 117 жители, Албанци и Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[5]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 304 жители, сите Албанци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 174 жители, од кои 167 Албанци и 7 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
Новаќе е албанско село.
Според истражувањата од 1948 година, родови во селото:
- Дервишовци (3 к.) најстар род во селото. Доселени се од некое село во областа Гора кај Призрен. Они се албанизирани Горанци.
- Коматникоски (1 к.) доселени се од селото Јеловјане. Подалечно потекло од селото Рестелица во Гора. Они се албанизирани Горанци.
- Десовци (1 к.) доселени се од селото Ново Село. Таму припаѓале на истоимениот голем род. Подалечно потекло од некое село во Гора. Они се албанизирани Горанци.
- Беќировци (9 к.), Изероски (7 к.) и Абдиоски (2 к.) доселени се од некое место во северна Албанија.
- Таироски (2 к.) доселени се од селото Калиште.
- Анче (1 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Камењане.[12]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 2064 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 353 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Стари македонски православни иселеници има во Тетово. Таму се иселени. Србиновци, Аврамовци, Мишковци, Димовци, Никодиновци, Ѓоровци, Атанасовци, Велјановци и Дамјановци. Цветковци се иселиле во Долно Седларце.[12]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads