Кампобасо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кампобасо (италијански: Campobasso) е град во Италија, административен центар на провинцијата Молизе во јужниот дел на земјата и главен град на истоимениот округ Кампобасо.
Кампобасо е познат по својот антички натпревар во мечување, кој се одржува секоја година од 14 век. Исто така, околината на градот е позната по одгледувањето круши.
Remove ads
Потекло на името
Името Кампобасо потекнува од латинските зборови „Campus Vazorum“ (италијански: Campus vassorum), што се преведува како „вазалско седиште“.
Природни одлики


Кампобасо се наоѓа во јужна Италија. Градот е 230 километри источно од главниот град Рим и 160 километри североисточно од Неапол.
Една од главните атракции на Кампобасо е Кастело Монфорте, изграден во 1450 година од локалниот владетел Никола II Монфорте, над ломбардските или норманските урнатини.Сегашната градба е резултат на подоцнежната обнова по земјотресите од 1456 и 1805 година.
Релјеф : Кампобасо се развил на многу висока висорамнина во централните Апенини. Висината на градот е околу 700 m надморска височина и е еден од највисоките градови во државата. Градот е опкружен со Самнитските Апенини.
Клима : Климата во Кампобас е умерено континентална поради значителната надморска височина. Многу е поостро тука отколку во околните градови, кои се блиску до морето и на помала надморска височина. Снегот во градот е редовна појава во зима, што е многу ретко во јужна Италија.
Вода : Поради високата надморска висина градот нема големи водотеци, но низ градот течат неколку мали потоци.
Remove ads
Историја
Градот Кампобасо не е стар за италијански услови. Населбата на ова место првпат се појавила во 8 век. Се претпоставува дека во почетокот бил утврдување на тогашните владејачки Ломбарди. Владетелите од Кралството Двете Сицилии изградиле утврдена населба во обид да обезбедат моќ во овој несигурен дел од нивното кралство. Градот, како многу утврдено и затоа безбедно место, набрзо станал важен политички центар на Кралството Двете Сицилии.
Географија
Remove ads
Население
Според резултатите од пописот на населението во 2011 година, во општината живееле 48.747 жители.[3]
1931 | 1936 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
19.955 | 22.525 | 28.678 | 34.011 | 41.782 | 48.291 | 50.941 | 50.762 | 48.747 |
Во 2008 година Кампобасо имал околу 51.000 жители, 3 пати повеќе отколку на почетокот на 20 век. Во последните години бројот на странци во градот стагнира.
Градови партнери


Галерија
- Старата градска улица
- замокот Монфорте
- Градски фестивал
- Снегот е чест зимски феномен во градот
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads