Канарево
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Канарево — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Канарево имало 81 жител, сите Македонци.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 44 Македонци и 4 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Канарево е македонско село.
Според истражувањата од 1971 година, родови во селото се:
- Староседелци: Ѓоринци (9 к.), Џамбасци (9 к.), Стојановци (7 к.), Куравци (4 к.), Баба-Достинци (3 к.), Галагинци (3 к.), Бели-Вусци (3 к.), Аџијини (1 к.), Бошковци (1 к.), Поповци (11 к.) и Церовци (2 к.)
- Доселеници: Поповци (5 к.) и Дренчанци (3 к.) доселени се во различен период од селото Дренок кај Крива Паланка; Стојановци (1 к.) потекнуваат од православен Ром. Доселени се од селото Бајловце; Костадиновци (4 к.), Мацанци (3 к.), Додинци (3 к.), Прчовчанци (3 к.), Јовановци (1 к.) и Павлевци (1 к.) доселени се во различен период од селото Аљинце; Ѓуринци (4 к.) и Дејловчанци (3 к.) доселени се од селото Жељувино; Николинци (9 к.) и Милосковци (5 к.) доселени се од селото Калово кај Трговиште (Горна Пчиња).[9]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads