Караглово

село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Карагловоmap
Remove ads

Караглово или Кара Оглу (грчки: Καστανάς, Кастанас; до 1926 г. Καρά Ογλού, Кара Оглу[2]) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 630 жители (2011).

Кратки факти Караглово Καστανάς, Земја ...
Remove ads

Географија

Караглово е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, на левиот брег на реката Вардар. Лежи 38 км северозападно од Солун и 11 км североисточно од Куфалово.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

На крајот на XIX век Караглово било турско село во Солунската каза. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Кара Оглу (Караглово) живееле 150 Турци и 60 Роми.[4] Во тој период, Боривое Милоевиќ во селото завел 40 турски и 5 ромски куќи.[3]

Во Грција

Се смета дека селото настрадало во Балканските војни бидејќи во 1913 г. не се спомнува како населба.[3] Истат година е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. По војните во селото се повратиле само малку жители , а властите доселиле грчки колонисти. Така, според сознанијата на Милоевиќ, за време на Првата светска војна селото имало 65 грчки доселенички и само 5 турски староседелски куќи.[3] Во 1918 г. во Караглово се забележани 300 жители, но во 1920 г. тие опаднале на само 92, бидејќи голем дел од грчките доселеници го напуштиле селото.[3] Во 1922 г. дошле уште доселеници, овојпат од никомедиското село Кестенапар (подрачјето околу Измит, Мала Азија)[5]

Во 1924 г. малубројните преостанати Турци се иселени во Турција согласно Лозанскиот договор, а властите довеле голем број грчки доселеници. Во 1926 г. селото е преименувано во Кастанас. На пописот од 1928 г. Караглово се води како наполно дојденско село со 225 жители (56 семејства).[6] Најголемиот дел од жителите се дојдени од Понд, но има и мал број каракачани и тракиски Грци.[5]

Во 1940 г. селото имало 456 жители, кои во 1951 г. нараснале на 521, а во 1961 г. — 617 лица. Во 1971 г. Караглово се смалило на 537 жители, кои во 1981 г. се накачиле на 618, за повторно да се смалат на 595 во 1991 г.[3] Во следните децении бројот на жителите бележи пораст, со 663 во 2001 и 625 во 2011 г.[5]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото е прилично богато бидејќи е во рамничарски и плоден предел. Населението произведува големи количества памук, бостан, жито и други земјоделски производи.[3]

Настани

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads