Карамзино

From Wikipedia, the free encyclopedia

Карамзиноmap
Remove ads

Карамзино или Кара Хамза (грчки: Καλλίπολη, Калиполи; книжевно: Καλλίπολις, Калиполис; до 1926 година: Καράμζα, Карамза[2]) — село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Карамзино Καλλίπολη, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа 17 километри западно од градот Пазар, крај самиот пат за Воден, во самото поле, на надморска височина од 15 метри.[3]

Сместено е во Солунското Поле, на 25 километри источно од Воден.

Историја

До 1924 година, селото било населено со македонско и турско население.[3]

Македонското население го напуштило селото пред 1920-тите години.[3]

По Грчко-турската војна во 1922 година, турското население се иселило во Турција, а на негово место биле населени грчки бегалци од гратчето Галиполе и неговата околина. Џамијата на сретселото била претворена во црква.[4] Во 1928 година, селото претставувала чиста бегалска населба со 74 бегалски семејства со вкупно 279 жители.[5]

Во 1926 година, името на селото било променето во Калиполи (Καλλίπολη), грчки облик на името Галиполе.

Remove ads

Стопанство

Населението произведува пченица, памук, овошје и други производи, а делумно е развиено и сточарството, особено краварството.[3]

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Кара Амзин (Карамзино) живееле 40 Македонци и 250 Турци.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Карамджино (Karamdjino) имало 48 Македонци.[3][7]

Во 1920 година, Карамзино било посочено како чиста турска населба со 75 куќи.[3][8]

Кара Хамза во 1913 година било забележано со 274, а во 1920 година со 293 жители. По иселувањето на Турците во 1924 година, тука се населиле бегалски семејства од Источна Тракија. Бројот на жителите во 1928 година изнесувал 274, во 1940 година 484, во 1951 година 411, во 1961 година 430, во 1971 година 478, во 1981 година 518, а во 1991 година 556 жители, сите бегалци.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 484 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 456 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Мениида со седиште во селото Калиница, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Карамзино, во кој покрај Карамзино влегува и селото Сенделчево.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads