Жан Батист Карпо
француски вајар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жан-Батист Карпо (француски: Jean-Baptiste Carpeaux; 11 мај 1827 – 12 октомври 1875)) — истакнат француски вајар и сликар, застапник на правецот академизам.


Родсен е во Валансјен. Првите студии му биле под мајсторот Франсоа Руд. Карпо ја освоил наградата на Рим во 1854. и се преселил во Рим во потрага по инспирација кајшто ги проучувал делата на Микеланџело, Донатело и Верокјо. Останал во Рим од 1854 до 1861 и се стекнал со чувство за движење и спонтаност кои ги придружил во делата кон принципите на барокот.
Во 1861 направил биста на принцезата Матилда Бонапарт, и ова подоцна му донело неколку нарачки од Наполеон III. Работел на декорација на павилјонот Флора и на Операта Гарние.
Неговата склуптура „Танц“ сместена на десната страна на фасадата од Операта била критикувана како непристојна.
Карпо барал предмети од животот и на улиците и расчистил со класичната традиција.
Починал во 1875 г. во Париз.
Remove ads
Познати скулптури
- Уголино и синовите (Ugolin et ses fils) (1861, во збирката на музејот Метрополитен во САД Архивирано на 23 мај 2015 г.) со верзии и во други музеи вклучувајќи го и Музејот Орсе
 - Танц (нарачана за Операта Гарние во Париз)
 - Наполитанско рибарче (Jeune pêcheur à la coquille) - (Лувр, Париз Архивирано на 23 мај 2015 г.)
 - Девојче со школка
 - Антоан Вато — споменик во Валансјен
 
Галерија
- Четирите страни на светот (Музеј Орсе)
 - Уголино и синовите
 - Танц, Опера Гарние
 - Три грации
 
Надворешни врски
 Жан Батист Карпо на Ризницата ?- Страница на мрежното место на Лувр со дела од Карпо
 - Страница од insecula.com со дела од Карпо Архивирано на 21 јули 2006 г.
 - Страница со анализа и илустрации на Уголино Архивирано на 10 август 2003 г.
 
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
