Музеј Орсе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Музеј Орсе
Remove ads

Музејот Орсе — музеј во Париз, на реката Сена отворен во 1986 г. Во истата зграда претходно била сместена железничката станица Гар д'Орсе. Музејот има поставка од француската уметност од 1848.-1915 година, вклучувајќи слики, скулптури, мебел и фотографии. Најпознат е по големата колекција на ремек-дела на импресионистите: сликите на Моне, Дега, Реноар и Сезан.

Кратки факти Основан, Место ...
Remove ads

Историја

Зградата на музејот оригинално била железничка станица, Гар д'Орсе, изградена во 1900 година, од која поаѓале возовите во правец на Орлеан. Во 1977 година започнала реконструкцијата и нејзината пренамена во музеј, која била завршена во 1986. Музејот сега има 20.000 м² импресивен изложбен простор на четири ката.

Музејот се наоѓа на местото на палатата Орсе, изградена во 1810 година и украсена со фрески на Теодор Шасерио[3], каде во 1840 година се наоѓал Државниот совет, на приземјето. Палатата била опожарена во 1871 година за време на Париската комуна и оставена во урнатина сè до изградбата на железничката станица Гар д’Орсе пред Светската изложба во 1900 година.

Западната тераса била изградена во 1985 година и има многу статуи чија група наречена Статуи од 6 континенти, првично била поставена на терасата на Трокадеро палатата за време на Светската изложба на 1878[4].

Музејот Орсе кој дотогаш бил железничката станица за првпат бил отворен на 9 декември 1986 година. За да се овозможи неговата трансформација во музеј на уметноста на 19 век, по волјата на претседателот Валери Жискар Дестен, зградата била преправена 1983-1986 од страна на архитектите Рено Бардон, Пјер Колбок и Жан-Пол Филипон, победници на архитектонскиот конкурс кој се одржал во 1979 година, подоцна им се приклучил и италијанскиот архитект Гае Ауленти.

Ноќта на 6 октомври 2007 година, за време на Белите ноќи, непознати лица во музејот сериозно оштетиле една слика од Клод Моне, Мостот на Аржентеј (француски: Le Pont d'Argenteuil), од 1874 година. Сликата потоа била реконструирана.

Thumb
Музејот Орсе, поглед од десниот брег на Сена.
Thumb
Сезан: Јаболки и портокали, околу 1899
Remove ads

Збирка

Thumb
Ѕвездена ноќ над Рона, Винсент Ван Гог
Thumb
Мане: Доручек на трева, 1862-3
Thumb
Реноар: Бал во Мулин де ла Галет, Монтмартр, 1876

Сликарство

Музејот Орсе ја чува најголемата колекција на слики на импресионистите (над 480 платна)[5] и постимпресионисти (повеќе од 600 слики од нео-импресионистите, симболистите, набис итн) во светот, како и група слики од школата на Барбизон, реалистични, натуралистички, ориенталистички и академски, вклучувајќи и странски школи. Речиси 5.200 слики ја сочинуваат музејската збирка, но голем број дела, околу 1.720 слики, вклучително и околу 100 за кои не се знае каде се или се уништени, се депонирани во јавни згради или провинциски музеи.

Поважни слики

  • Гистав КорбеСтудиото на уметникот, Седнат млад човек, Потеклото на светот
  • Жан-Франсоа МилеПролет,, The Gleaners
  • Жан-Батист Камиј КороУтро. Танцот на нимфите
  • Александар Кабанел — Раѓањето на Венера, Смртта на Франческа да Римини и Паоло Малатеста
  • Жан-Леон Жером — Портрет на бароницата Натаниел де Ротшилд, Приемот на Конде во Версај, Грофицата де Келер
  • Пјер Пуви де ШаванеМлади девојки до морето, The Young Mother also known as Charity, Поглед на палатата Версај и градината со портокали
  • Ежен БудинTrouville Beach
  • Камиј ПисароБела слана
  • Едуар Мане — Олимпија, Балкон, Берта Моризо со букет темјанушки, Доручек на тревата
  • Едгар ДегаПарада, позната и како Коњска трка пред трибините, The Bellelli Family, The Tub, Портрет на Едуар Мане, Portraits, At the Stock Exchange, Апсинт
  • Пол СезанЈаболки и портокали
  • Клод МонеСтаницата Сен Лазар, Улицата Монторгеј во Париз. Прослава на 30 јуни, 1878, Ефект на ветрот, Series of The Poplars, Rouen Cathedral. хармонија во сино, Blue Water Lilies
  • Одилон РедонКалибан
  • Пјер Огист РеноарBal au moulin de la Galette, Montmartre
  • Жил ДезбоаDestitution
  • Фердинанд ХодлерDer Holzfäller (The Woodcutter)
  • Гистав КајебоThe Floor Planers
  • Едуар ДетајСон
  • Брајан Рајт — "Човекот"
  • Винсент ван ГогАвтопортрет, Сиеста, Црквата во Овер, View from the Chevet, Италијанка, Ѕвездено небо над Рона, Портретот на д-р Гаше
  • Ежен ЈансонProletarian Lodgings
  • Пол СињакWomen at the Well
  • Феликс ВајотонMisia at Her Dressing Table
  • Жорж-Пјер СераЦиркус
  • Пјер БонардThe Chequered Blouse
  • Андре ДевамбесThe Charge
  • Вилијам Адолф БугероРаѓањето на Венера

Галерија на дела изложени во музејот

Скулптури

Thumb
Сафо, 1852 Прадиер
Thumb
Жан Батист Карпо: Четирите страни на светот ја држат небесната сфера

Неокласицизам

  • Џејмс Прадиер (Женева, 1792-Бугивал,1852), Сафо 1852

Романтизам

  • Пјер-Жан Давид од Анжер (Анжер, 1788-Париз, 1856)

Гете, 1829-1831, гипс

  • Франсоа Руде (Дижон, 1784-Париз, 1855)

Наполеон се буди за бесмртност, 1845, гипс

  • Огист Прео (Париз, 1809-1879)

Офелија, 1842, бронза

Еклектицизам на Втората империја

Уголино и неговите деца, 1860, бронза

Принцезата Матилда, 1862, мермер

Царскиот принц и неговото куче Нерон, 1865 година, мермер

Четири страни на светот кои ја поддржуваат небесната сфера, 1868-1872, лакирани влакна од гипс

Танц, 1869 година, депониран од Опера Гарние

Thumb
Природата и се открива на науката (1899). Автор: Ернест Бариас (1841-1909). Музеј Орсе, Париз

Еклектицизам на Третата Република

  • Жан-Пол Обе (Лонгви, 1837-Кејп Бретон, 1916)

Данте Алигиери, 1879, бронза

  • Теофил Баро (Каркасон, 1848-Париз, 1913)

Сузан, 1895, мермер

Луј-Ернест Баријас (Париз, 1841-1905)

Биста на Жорж Клерин, сликар, 1875, теракота

Нубијците (Ловци на алигатори), 1894, гипс гипс

Природата и се открива на науката, 1899, мермер, оникс, гранит, малахит

  • Фредерик Аугуст Бартолди (Колмар, 1834-Париз, 1904)

Статуа на слободата, 1889, бронза

Белфорски лав, 1900, бронзено бареле

  • Жил Кутан (Париз, 1848-1939)

Ловци на орли, 1900, гипс

Thumb
Глави на Домие Дорсе

Реализам

  • Оноре Домиер (Марсеј, 1808-Валмонд, 1879)

Познати личности од Праведна средина, околу 1832, 36 карикатури во обоена сурова земја

Ратапоил, околу 1851 година, бронза

  • Жил Далу (Париз, 1838-1902), 91 скулптури од кои:

Ковач 1886, студија, патиниран малтер

Република, 1879, скица на теракота

Големиот селанец, 1904 година, бронза

Импресионизам и Огист Роден

Позначајни вајари во овој правец се:

Франсоа Руд, Жил Кавелие, Жан Батист Карпо, Огист Роден, Пол Гоген, Камиј Клодел и Оноре Думие.

Други дела

Музејот има и колекции на:

  • архитектура и декоративни уметности
  • фотографија
Remove ads

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads