Карфиол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Карфиол (Brassica oleracea var. botrytis) - една од одгледуваните сорти на дива зелка. Името потекнува од италијанскиот збор cavoli fiori.
Remove ads
Потекло


Карфиолот потекнува од Мала Азија и Средоземјето.
Значење
Карфиолот е едногодишно растение од семејството зелки, му припаѓа на групата на најквалитетен зеленчук кај кого за исхрана се користи неразвиено соцветие (глава), најчесто со бела боја. Карфиолот се одликува со задебелено и скратено стебло и сочна (најчесто бела) дршка соцветие, заради кое се одгледува. Наведените сочни делови на растението се користат во исхраната на човекот. Соцветието може да се јаде свежо, варено или како туршија.
Деловите кои се консумираат содржат многу сирови белковини со значителна содржина неопходни аминокиселини, витамина C, а особено витамина B2, железо и фосфор. Енергетската вредност на карфиолот е 98 кЈ.
Remove ads
Морфолошки особини
- Коренот на карфиолот е вретенест и разгранет, послабо развиен отколку кај зелката.
- Стеблото е со висина од 20 до 80 cm.
- Листот е крупен, со елипсест облик, со мазна површина и назабени рабови.
- Соцветието се формира кога карфиолот има 9 до 12 листа како резултат на интензивниот раст на вршната пупка. Соцветието е било, светложолто, зелено или црвено, а покриеноста со листови може да биде слаба, јака или целосна. Под дејство на директно сончево зрачење ја менува бојата, при што се губи квалитетот.
- Цветот е ситен како и кај останатите зелки.
- Соцветиеото е разгранета метелка.
Типови карфиол
Постојат следните типови карфиол:
- ерфуртски
- италијански
- ран ерфуртски
- снежна грутка
- дански екснопм
- доцен трогирски
Услови за одгледување
Карфиолот е осетлив на високи температури. Оптималната температура за растење му е 18 °C, додека на 25 °C доаѓа до запирање на растот и цветењето. Најдобро успева на средно тешки плодни земјишта со неутрално до слабо кисела реакција на земјиштето.[3]
Галерија
- Карфиол во фаза на техничка зрелост
- Соцветие на карфиол
- Пресек на гранка на соцветие
- Бојата на соцветието зависи од сортата
- Соцветие во цветање
- Семе
- Расад
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads