Кастор (ѕвезда)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кастор (ѕвезда)
Remove ads

Кастор — вториот најсветол објект во зодијачкото соѕвездие Близнаци. Ја има Бајеровата ознака α Geminorum, која е латинизирана во Alpha Geminorum и скратено Alpha Gem или α Gem. Со привидна ѕвездена величина од 1,58, таа е една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо. Кастор изгледа единствена со голо око, но всушност е шесткратен ѕвезден систем организиран во три двојни парови. Иако е „α“ (алфа) член на соѕвездието, таа е половина светлинска величина послаба од „β“ (бета) Geminorum, Полукс.

Кратки факти Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000, Особености ...
Remove ads

Ѕвезден систем

Aa
Период = 9.2128 d
Ab
Одделување = 3,9 arcsec
Ba
Период = 2.9283 d
Bb
Одделување = 71 arcsec
Ca
Период = 0.814 d
Cb
Хиерархија на орбитите во Касторскиот систем

Кастор Аа и Bа имаат орбити од неколку дена со многу послаб придружник.

Било откриено е дека Кастор C, или YY Близнаци, се разликува по осветленост со редовен период. Таа е двојна ѕвезда со дополнителни варијации поради области со различна осветленост на површината на едната или двете ѕвезди, како и неправилни блесоци. Компонентите Кастор C орбитираат за помалку од еден ден. Се верува дека Кастор C е во орбитата околу Кастор AB, но со исклучително долг период од неколку илјади години. Таа е оддалечена 73“ од светлите компоненти.

Комбинираната привидна величина на сите шест ѕвезди е +1,58.

Remove ads

Физички својства

Кастор е оддалечена 51 светлосни години од Земјата, утврдено од нејзината голема годишна паралакса.

Двете најсјајни ѕвезди се и двете ѕвезди од главната низа од типот А, помасивни и посветли од Сонцето. Тешко е да се одредат својствата на нивните придружници со црвено џуџе, но се смета дека и двете имаат помалку од половина од Сончевата маса.

Thumb
Визуелна светлинска крива на лентата за YY Близнаци (Кастор C), адаптирано од Батлер и сор. (2015)

Кастор B е Ам ѕвезда, со особено силни спектрални линии на одредени метали.

Кастор C е променлива ѕвезда, класифицирана како променлива ѕвезда од типот на BY Змеј. Тие се ладни џуџести ѕвезди кои се разликуваат додека ротираат поради ѕвездените точки или други варијации во нивните фотосфери. Двете црвени џуџиња на Кастор C се речиси идентични, со маси околу половина M и осветленост помало од 10% од Сонцето.

Сите црвени џуџиња во системот Кастор имаат линии на емисии во нивните спектри и сите се болскотни ѕвезди.

Remove ads

Етимологија и култура

α Geminorum (латинизирано во Alpha Geminorum) е Бајерова ознака на ѕвездениот систем.

Кастор и Полукс се двете ѕвезди „небесни близнаци“ што му го даваат името на соѕвездието Gemini (што значи Близнаци на латински). Името Кастор се однесува конкретно на Кастор, еден од синовите близнаци на Зевс и Леда во грчката и римската митологија.

Ѕвездата била означена со арапскиот опис Ал Рас ал Таум ел Мукадим, што во превод значи глава на најистакнат близнак. Во каталогот на ѕвезди во Календарот на ел Ачсаси елМукет, оваа ѕвезда била означена како Aoul al Dzira, кое на латински било преведено како Prima Brachii, што значи првиот во шепата.

На кинески, 北河</link>(Běi Hé), што значи Северна река, се однесува на астеризам кој се состои од Кастор, Ро Близнаци и Полукс. [16] Следствено, самиот Кастор е познат како 北河二 (Běi Hé èr, на македонски: втората ѕвезда на Северна Река) [17]

Во 2016 година, Меѓународниот астрономски сојуз организирал Работна група за имиња на ѕвезди (РГИЅ) за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на РГИЅод јули 2016 година вклучи табела со првите две серии на имиња одобрени од РГИЅ; кој го вклучувал Кастор за ѕвездата α Близнаци Aa.

Кастор C исто така има ознака со променлива ѕвезда YYБлизнаци.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads