Зодијак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Зодијак
Remove ads

Зодијакот претставува замислен појас на небесниот свод и се протега приближно 8 степени од двете страни на сончевата еклиптика (патеката на Сонцето) којшто ги вклучува и еклиптиките на Месечината, и на планетите Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Името зодијак потекнува од грчкиот збор ζώο - што значи животно. Постои зодијак и во хиндуистичката астрологија, сличен на овој во западната астрологија и многу поразличен зодијак во кинеската астрологија.

Thumb
Знаците на Зодијакот, 16 век, средновековна резба

Remove ads

Историско потекло

Зодијакот потекнува од Сумерите кои живееле во Месопотамија.

Зодијачки соѕвездија

Зодијакот вклучува дванаесет од соѕвездијата низ кои еклиптиката поминува. Еклиптиката всушност поминува и низ тринаесетто соѕвездие - соѕвездието на борецот со змии (латински: Ophiuchus) но тоа не се смета за дел од зодијакот. Поради тоа што еклиптиката лежи во главната рамнина на Сончевиот Систем, Сонцето, Месечината и планетите изгледаат како да се движат низ зодијачките соѕвездија.

Следната табела ги споредува датите во кои Сонцето влегува во астролошки знак или од Западниот или од Хиндуистичкиот астролошки систем, и датата кога Сонцето влегува во астрономското соѕвездие со истото име. Датите можат да варираат најмногу до два дена, од година на година, во зависност циклусот на престапните години, и од изместувањето на оската на Перихелот на Земјината орбита низ текот на многу векови.

Повеќе информации Латинско име, Име и симбол ...
Remove ads

Ангели на зодијакот


Со појавата на христијанизацијата на Европа, ангелите беа поврзувани со знаците на зодијакот за да ги заменат традиционалните богови. Традиционалните поврзувања се:

Повеќе информации Знак, Ангел ...

Зодијакот како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Самоизгнаник во кругот на Зодијак“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски од 1966 година.[1]
  • Зодијак“ (Zodiac) - рок-балет на македонската рок-група „Леб и сол“ од 1990 година.
  • „Јарец (англиски: Capricorn) - песна на британската рок-група „Моторхед“ (Motörhead) од 1979 година.[2]
  • Зодијак“ (Zodiac) - филм на американскиот режисер Дејвид Финчер од 2007 година.

Надворешни врски

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads