Катраница

From Wikipedia, the free encyclopedia

Катраницаmap
Remove ads

Катраница или Катранци (грчки: Πύργοι, Пирги; до 1928 г. Κατράνιτσα, Катраница,[2] — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот округ, Грција. Во минатото било населено претежно со Македонци христијани и „Турци“ (најверојатно исламизирани Македонци), подоцна преселени во Турција. Денес половината жители се Македонци, а другата половина се грчки дојденци.[3]

Кратки факти Катраница Πύργοι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на надморска височина од 700 м.[3] Сместено е во мала котлина во северните пазуви на Негушка Планина, недалеку од Островското Езеро во долината на Бела Река[4] (Аспропотамос).

Историја

Антика

Thumb
Древномакедонската гробница кај Катраница.

Во околината на Катраница има траги од праисториски населби. Кај селото е откриена древномакедонска гробница, слична на оние во Кутлеш.[5]

Средновековие

Во средниот век тука имало утврден град, чии остатоци се близу селото, на ридот Град. Град има две тврдини и сместен е на важиот пат Вија Егнација. Во средновековнииот град има зачуван камен мост, наречен Гелин мост, кој го поврзува со Долно Граматиково. Според легендата мостот е наречен по турско девојче, ќерка на сопственикот на селото, која на коњ поминувала по мостот и се наведнала да ја погледне водата, но изгубила рамнотежа и се удавила во реката. Друг камен мост Сандре мост се наоѓа на северозапад од замокот, на патот за Нови Град. На 4 км од Катраница се и рушевините на средновековната базилика Чаршија-црква.[6]

Во Османлиското Царство

Во османлиско време Катраница било просперитетно село, со прекарот „Ќучул Стамбул“ (Мал Истанбул). Во 1635 г. ктитор на светогорската Велика Лавра станал Јеромонах Данаил, кој на ктиторскиот натпис забележал дека е од Катраница.[7] Во XVIII век од 1762 г. по исламизацијата на Ноти на чело со мегленскиот епископ Јован или Јоаникиј (1759) Катраница за кратко била епископско седиште пред митрополијата да се премести во Лерин.[8] Во селото има постари цркви како катедралната црква „Св. Димитриј“ од 1726 г. која работела и како училиште, како и „Св. Петка“ од околу 1700 г. Во обете цркви има вредни фрески.

Кон крајот на XIX век Катраница било мешано македонско-турско село. Грчкиот просветител Атанасиос Псалидас во својата „Географија“ (1818 - 1822) го бележи овој факт, додавајќи дека тамошното население е најпросто.[9][10]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Катраница (Catanitza) бил осело во Воденската каза со 500 домаќинства сочинети од 1.930 Македонци и 520 Македонци-муслимани.[11][12]

Во 1893 година Атанас Шопов го посетил Кајларско и ја води Катраница како македонско село.[11][13] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Катраница живееле 940 Македонци и 1.100 Турци.[11][14]

На Етнографската карта на Битолскиот вилает на Картографскиот институт во Софија од 1901 г. Катраница било етнички мешано во Кајларската каза на Серфиџенскиот санџак со вкупно 310 куќи на Македонци,[11] Грци, Власи и Турци.[15]

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона од 1904 г. во Катранца (Κατράντσα), Кајларска каза, живееле 1.350 „Грци славофони“ (т.е. Македонци) и 200 Турци.[16]

По податоци на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 1.600 Македонци под Цариградската патријаршија.[11][17]

Во Грција

За време на Првата балканска војна Катраница е окупирана од грчка војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“), нешто пред Првата светска војна Катраница имала 250 куќи на Македонци христијани и 250 куќи на Турци.[18] Во истото дело тој забележува дека два соја се сметаат за староседелски, и имаат вкупно со 12 куќи.[19] Од нив, сојот на Хаџи Ташо (9 куќи) биле „од старо време“.[20] Го наведува сојот Катраничани преселен во Новото Маало во Воден кон крајот на XIX век,[21] Од сојот Ваневци (со турцизирана варијанта Ванчуки) еден бил преселен во Браила (Романија) околу 1887 г., а двајца во Ваљево (Србија), каде работеле како слаткари под презимето „Димитриевиќи“.[22] Покрај тоа, некои луѓе од Катраница биле дуќанџии во Клисура и Суровичево, делумно живеејќи таму под кирија, а делумно дома.[23]

Во 1920-тите турското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно място се доселени Грци од Цариград, Трапезунд и Севастија. Во 1928 г. селото станало мешано македонско-грчко, со вкупно 1.490 жители, од кои 510 лица (139 семејства) биле грчки дојденци, а останатите македонски мештани.[24] Истата 1928 г. селото е преименувано во Пирги, што во превод значи кули, поради измислениот грчки превод на „Кастраниса“ (Καστράνισσα), од кастро, тврдина.[25]

Селото силно настрадало од германската војска за време на Втората светска војна. На 24 април 1944 г. германски единици заедно со грчки колаборационистички милиции на полковникот Георгиос Пулос повторно ја запалиле Катраница и убиле 318 жители, од кои повеќето биле заробени и запалени во црквата „Св. Димитриј“.[26][27][3]

Според Тодор Симовски денес селото се состои половина од месни Македонци, а половина од грчки дојденци.[3]

Remove ads

Стопанство

Населението традиционално се занимава со одгледување на жито и со сточарство.[3]

Thumb
Стариот чинар во центарот на Катраница
Повеќе информации Име, Грчки ...

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта
Мостови
Цркви

Личности

Родени во Катраница
  • Атанас Караматов — трговец во Србија и Австрија
  • Димитрие Караматов (о. 1734 – 1789) — трговец во Србија и Австрија
  • Христос Манос (со непознато изворно име; 1737 – ?) — меѓународен трговец
  • Петар Ичко (о. 1775 – 1808) — прочуен дипломат за отоманската и српската држава
  • Димитар Сугарев (1778 – 1822) — револуционер во Грчката војна за независност
  • Лазар Панча (? – 24 март 1831) — трговец во Белград и ктитор на градската катерала „Св. Марко
  • Ѓорѓи Самара (1915 – 1947) — комунист, роден во сиромашно семејство, учел два класа гимназија, но не успеал да продолжи поради недостаток на пари; член на КПГ од 1942 година, војник на ЕЛАС; по Спогодбата од Варкиза бил гонет и стапил во илегала; еден од првите што се приклучиле на ДАГ, загинал во мај 1947 г. кај Љумница[30]
  • Вангел Чарка (1917 – 1948) — комунист, роден во сиромашно семејство; во 1942 г. се зачленил во КПГ и истата година стапил ЕЛАС, след Спогодбата од Варкиза е гонет и стапил во илегала; загинал како војник на ДАГ кај Коница заедно со соселанецот Жоро Нонда[31]
  • Димитри Николуш Хаџиташков (? – 30 март 1942) — уапсен и починал во затворот во Ливадија, а син му бил деец на ЕЛАС, учесник во нападот врз кметот на Крмишта во октомври 1941 г.[32]
  • Мени Стамбули (? – 1944) — комунист, деец на ЕПОН, убиен од Германците; загинале и сестра му и брат му[33]
  • Филипос Капетанопулос (со непознато изворно име; ? – 1904) — деец на Грчката вооружена пропаганда во Македонија
Поврзани со Катраница
  • Григор Нушев (1876 – 1965) — македонски и српски просветен деец, по потекло од Катраница
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads