Ќоселер (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ќоселер (Леринско)
Remove ads

Ќоселер или Ќосилер (грчки: Αντίγονος, Андигонос; до 1928 г. Κιοσελέρ, Ќоселер[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Суровичево на Леринскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 424 жители (2011). Сè до 1920-тите било населено со Турци.[3]

Кратки факти Ќоселер Αντίγονος, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во областа Сариѓол, на јужните падини на планината Каракамен.[3] Лежи 6 км источно од Чалџиево и 10 км јужно од Суровичево. Во селото се наоѓа Ќоселерскиот манастир („Св. Григориј Палама“).[4]

Историја

Во Отоманското Царство

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ за 1873 г. Куселери (Kusséléri) е спомнато двапати — еднаш како село во Леринската каза со 150 домаќинства од 160 муслимани и 340 Македонци,[5] а вторпат како село во Џумалиската каза со 15 домаќинства и од 29 жители муслимани.[6] Можно е првиот податок да се однесува на поранешна состојба, кога селото сè уште било етнички мешано.

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ напишал за Ќоселер:

Село Кошлар со 100 куќи. Данокот на ова село е 11.800 пијастри. Сместено е близу езерото, во подножјето на планина. Жителите се занимаваат со земјоделство, сточарство, риболов и производство на рогозини. Има две џамии и две чешми.[7]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Ќоселери имало 750 жители Турци.[8] Според грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Ќуселер (Κιουσιλέρ) живееле 1.000 Турци.[9]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 1,084 жители кои во 1920 г. нараснале на дури 1.714.[3] По силата на Лозанския договор населението е иселено во Турција, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Понд и Мала Азија. Во 1928 г. селото е преименувано во Андигонос.[10] Истата 1928 г. Ќоселер е заведен како наполно дојденско село со 595 жители (148 семејства).[11]

Во 1940 г. Ќоселер имал 572 жители, кои во 1961 г. пораснале на 653. Меѓутоа, во следните години дел од жителите се преселиле во градовите (особено во Кајлари) поради неплодноста на земјиштето.[3] Така, веќе во 1971 г. населението се намалило на 468 лица.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Во селото се одгледува жито и тутун.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads