Кајали (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кајали (Серско)map
Remove ads

Кајали (грчки: Λιθότοπος, Литотопос; до 1927 г. Καγιαλή, Кајали[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција.

Кратки факти Кајали Λιθότοπος, Земја ...
Remove ads

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Кајали било мало село во Серската каза.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:

Кајли, сместено во пазувите Круша, близу источниот брег на Бутковското Езеро. Се наоѓа на ЈЗ од Џумаја 312 часа. 120 турски куќи и 10 ромски.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Канли брои 420 жители, од кои 300 Турци и 120 Роми.[4]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 268 жители, а во 1920 г. се намалило на 115 лица.[5]

Во 1924 г. населението како муслиманско е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место власта довела грчки колонисти. На пописот од 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско[6] со 114 жители.[5]

Поради поволната местоположба во Кајали се доселиле жители од попасивните села. Така, во 1940 г. селото имало 334 жители. Особен прилив на дојденци имало во 1950-тите, кога во него се сместиле и жителите на напуштеното Ортаќој (Орта Маало). Подоцна населението почнало да опаѓа поради иселување во поголемите градови.[5]

Remove ads

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads