Кајмак (филм)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кајмак (филм)
Remove ads

Кајмакмакедонски филм снимен во 2021 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. Главните улоги ги играат: Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ, Камка Тоциновски, Филип Трајковиќ, Сара Климоска, Благоја Чоревски, Петар Мирчевски и Лазе Манасковски.[1] Филмот ја имал својата премиера за време на Токискиот кинофестивал одржан на 26 октомври 2022 година во Јапонија.

Кратки факти „Кајмак“, Режисер ...
Remove ads

Заднина и издавање

Работата на филмот „Кајмак“ траела неколку години, а издавањето на филмот било најавено во 2021 година. „Кајмак“ ја доживеал својата светска премиера на Токискиот фестивал, каде што бил добро примен од страна на јапонската публика. По прикажувањето на филмот, Манчевски одржал предавање кое исто така било добро прифатено. Наредната премиера филмот ја доживеал во Република Кина, каде што бил прикажан на кинофестивaлот „Златен коњ“ во Тајпеј. И во таа држава, Манчевски заедно со глумечката екипа имале допир со публиката во кои раскажувале за работата зад филмот. Третата премиера на филмот се одржала на 16 ноември во Македонската филхармонија. Освен тоа, филмот бил прикажан и низ речиси 30 градови низ Македонија, односно на сите оние места каде што има техничка можност за прикажување.[2]

Remove ads

Содржина

Жанровски, филмот „Кајмак“ припаѓа на категоријата црна комедија, иако според некои критичари е тешко да биде сместен во кој било жанр.[3] Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Филмот го прикажува животот на две современи македонски семејства.[2]

Производство

Како директор на фотографија служел Улрик Боел Бенцен од Данска, а за монтажата бил задолжен Емил Нунинга од Холандија. Музиката во филмот е на „Дејниш стринг квартет“ и на Игор Василев-Новоградска.[3]

Критички прием

Приемот на филмот „Кајмак“ при неговото издавање бил главно добар. Во рецензија за весникот Слободен печат, новинарката Миланка Рашиќ вели дека филмот е „сценаристички силен и издржан филм, со вдахновена режија на Манчевски и многу посветено внимание на детали“. Таа исто така го пофалила талентот на глумечката екипа и за крај го обопштила филмот на следниот начин: „Оваа градска приказна, провокативна и полна со изненадувања, ни дава да размислуваме за слободата да избереме живот по свои правила, за храброста да се направи првиот чекор и да се тргне кон среќата“.[3]

Remove ads

Улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads