Соња Михајлова
македонска театарска, филмска и телевизиска глумица From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Соња Михајлова (р. 14 октомври 1958 во Битола) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Во 1983 година, дипломирала на Факултет за драмски уметности - Скопје, на отсекот за Актерска игра, во класата на професорот Љубиша Георгиевски, и истата година се вработила во Народен театар - Битола каде останала сè до нејзиното пензионирање во 2022 година.
Remove ads
Филмографија
Михајлова ги остварила филмските улоги:[1]
Година | Филм | Улога |
1972 | Табакерата ТВ-филм | Девојчето |
1982 | Јужна патека ТВ-филм | |
1985 | Бушава азбука ТВ-серија | |
1985 | Трговецот од Солун ТВ-филм | Пејачка |
1987 | Девојките на Марко ТВ-серија | Милка |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | |
1989 | Еурека ТВ-серија | Марта |
1994 | Прекалени ТВ-серија | Митра Миладинова |
2000 | Северо источно од југозапад ТВ-филм | Професорката |
2000 | Што сонува кучето ТВ-филм | Пензионерката |
2007 | Сенки ТВ-филм | Комшивка |
2008 | Збогум Румелија ТВ-серија | Селанка |
2010 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2013 | Тврдокорни ТВ-серија | Марија |
2014 | До балчак ТВ-филм | Перачката |
2015 | Лимоната ТВ-филм | Нимет |
2015-2016 | Големото прогонство во Кавкасија ТВ-серија | |
2016 | Обожение ТВ-филм | Продавачката |
2022 | Кајмак ТВ-филм | Благица |
2024 | Црвениот поет ТВ-серија | Госпоѓа Колендиќ |
2025 | Мајка ТВ-филм | Мајката |
2025 | Скејтборд не е за девојки ТВ-филм | Работничка |
2026 | Збогум, Копакабано ТВ-филм |
Remove ads
Награди
- 1985 - Награда за млад актер на Фестивалот „Војдан Чернодрински“, Прилеп[2]
- 1986 - Награда за најдобро актерско остварување за ликот на Сандра Заум во претставата „Магна карта“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“[2]
- 1993 - Награда за најдобро актерско остварување за ликот Цвета во претставата „Балканот не е мртов“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп[3]
- 1995 - Награда за најдобра женска епизодна улога за ликот Мирса во претставата „Бегалка“, доделена за време на МТФ „Војдан Чернодрински“, Прилеп[2][3]
- 2004 - Награда „Ристо Шишков“ за улогата на Петра фон Кант во претставата „Горчливите солзи на П. фон Кант“ од Рајнер Вернер Фасбиндер во режија на Деан Дамјановски, а во изведба на Битолскиот народен театар[2][3]
- 2007 - Награда „Златна маска“ за најдобра женска улога, за улогата на Голде во претставата „Свирач на покривот“, доделена за време на фестивалот „Охридско лето“[2]
- 2016 - Награда за најдобра женска улога за ликот на Каесар во претставата „Јулиј Цезар“ на 17. Фестивал на античка драма „Стоби“[4]
- 2025: Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads