Кешишлик
поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кешишлик (грчки: Αετοβούνι, Аетовуни; до 1927 г. Κεσισλίκ, Кесислик или Κισιολίτι, Кисјолити[1]) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало на јужните падини на Беласица, на 3 км северно од Хаџи Бејлик.
Историја
Потекло на името
Името на селото доаѓа од турскиот поим keşişlik, „место кајшто живеат калуѓери“, избедено од keşiş.[2]
Во Отоманското Царство
На северозапад од селото, во местноста Големо Градиште имало оглем манастир поврзан со името на селото.[2]
Во XIX и почетокот на XX век, Кешишлик бил македонски чифлик во Демирхисарската каза. Сè до 1912 г. бил сопственост на Акил-бег од Сер и имал над 100 куќи.[2]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Кајшли-чифлик (Kaïchli-tchiflik) било село со 45 домаќинства на 140 Македонци.[3][4]
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
„ | Кешишл’к, чифлик на патот за Валовишта за Порој, 71⁄2 часа на СЗ. Има вкупно 40 куќи, само Турци.[5] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото броело 300 жители, сите Македонци.[6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Кешишлик (Kichichlik) живееле 560 Македонци, сите под Егзархијата.[3][7]
Во Грција
Во 1912 г. турците го разрушиле Кешишлик под изговор дека жителите криеле оружје и убиле над 60 лица. Целото население пребегало во Бугарија.[2]
За време на Првата балканска војна во октомври 1912 г. селото е купирано од бугарска војска. За време на Втората балканска војна на 9 јули 1913 г. Кешишлик е опожарен од грчка војска.[8] По војната селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Пописите од 1913 и 1920 г. го водат како растурена населба.[9]
Наследници на бегалци од селото денес живеат во Свети Врач, Петрич и околината.[2]
Во 1920-тите властите во селото довеле грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Кешишлик (Κεσισλίκ) е претставено како чисто дојденско село со 315 жители (82 семејства).[10]
Во 1940 г. населението броело 464 жители. Интересно е тоа што во 1941 г. статистиката на бугарската окупациска власт го води селото со дури 850 жители. Во 1951 г. во Кешишлик се попишани 465 лица.[9] Во претстојниот период жителите се преселиле во новото село Долно Хаџи Бејлик, но сепак си ги задржале имотите во Кешишлик.[9]
Remove ads
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads