Кизли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кизли (грчки: Κρανοχώρι, Кранохори[2]) — село во Општина Кавала во Кавалскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 30 километри североисточно од градот Кавала на надморска височина од 376 метри.
Историја
Отоманско Царство
Селото во текот на XIX век се наоѓало во Кавалската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, селото имало 400 Турци[3].
Грција
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.
Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.
Remove ads
Демографија
Во 1928 година во селото биле сместени 55 грчки семејства со 203 лица[5]. Во 1928 година, бројот на населението бил 133 лица, додека во 1940 година селото броело 149 жители.
Селото според пописот од 1951 година броело 89 жители, на пописот од 1961 година во селото живееле 82 жители, во 1971 година имало 22 жители, во 1981 година имало 9 жители, додека во 1991 година имало 29 жители[6]. Денеска, населението на селото е 7 жители според пописот од 2011 година.
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads