Кирил Петрушев
политичар From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кирил Петрушев (Богданци, 1895 – Скопје, 2 мај 1980 ) ― прв министер за внатрешни работи на Македонија, подоцна маргинализиран од политичкиот живот поради поддршката на Резолуцијата на Информбирото.
Remove ads
Животопис
Рани години
По Првата светска војна, тој се преселил во Бугарија, но во 1923 година, по Септемвриското востание, се вратил во Југославија. Активно се вклучувал во синдикалното движење.
За време на НОБ

По бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна е прогонуван и апсен. Се вклучува во НОВ. Станува член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и е дел од трочлената македонска делегација што во мај 1944 година заминува за островот Вис за да се сретне со Јосип Броз Тито. По враќањето во Македонија учествува на Првото заседание на АСНОМ на кое е избран во Президиумот. На 6 август е назначен за повереник за внатрешни работи,[1] а на 14 август Президиумот на АСНОМ го избира за член на Комисијата за утврдување на престапите на окупаторите и нивните слуги.[2] Во 1944 година Петрушев станува и член на Комунистичката партија на Македонија.
По војната
При изборот на првата влада на Македонија на Третото заседание на АСНОМ на 16 април 1945 година, Петрушев е избран за министер за внатрешни работи.[3] На таа функција останува неполна година, до 11 февруари 1946 година, кога е преместен за министер за градежништво.[4] Набрзо, при изборот на новата влада на 18 април 1946 година е избран за министер за труд[5] и на таа функција останува до 26 октомври 1948 година, кога е разрешен.[6] Поради поддршка за Резолуцијата на Информбирото, Петрушев е исклучен од КПМ, ослободен од сите функции и пензиониран.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads