Кичевски народноослободителен партизански одред „Козјак“

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Кичевски народноослободителен партизански одред „Козјак“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.

Кратки факти Партизански одред „Козјак“, Активна ...

Формирање

Во домот на Ката Ѓорѓиевска се одржал состанок помеѓу Месниот Комитет на КПМ за Кичево и партиската организација во Кленоец, во март-април 1943 година, за разгледување на можностите за формирање на Кичевски партизански одред. Heјзиниот дом бил магацин за оружје, муниција и храна за потребите на идниот партизански одред и оттука се носеле во базата на Лопушник.[1]

Одредот е формиран на 25 април 1943 година на планината Бистра, од партизани од Кичево. Дејноста на овој одред во најголем дел била да патролира, а некои членови на одредот вршеле курирска дејност или биле придружба на партиски и воени раководители. Одредот ги осудил на смрт градоначалниците на Иванчишта и Малкоец. Од активностите на овој одред е познато дека успеал да разоружи осум италијански граничари на патот Кладник-Карбуница. На 21 мај 1943 година на Лопушник одредот се спојува со Кичевско-мавровскиот народноослободителен партизански одред[2].

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads