Клепе

From Wikipedia, the free encyclopedia

Клепеmap
Remove ads

Клепе (грчки: Λευκοχώρι, Левкохори; до 1926 г. Κλέπε, Клепе[2]) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 249 жители (2021).

Кратки факти Клепе Λευκοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадин на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 500 метри. Источно од него се наоѓа истоимената ниска планина Клепе (878 м).

Историја

Во XIX век Клепе е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1000 жители Турци[3][4].

Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[5]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 938 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 670 жители.

Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Левкохо̀ри.[6]

Remove ads

Население

Во 1928 година селото броело 294 жители.[7], додека во 1940 година селото броело 475 жители.

Селото во пописот од 1951 година броело 543 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 392 жители, во 1971 година имало 382 жители, во 1981 година имало 334 жители, додека во 1991 година имало 321 жител[8]. Денеска, населението на селото е 406 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads