Ковица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ковицаmap
Remove ads

Ковица (грчки: Βαθύλακκος, Ватилакос[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Ковица Βαθύλακκος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 28 километри западно од градот Драма, на надморска височина од 500 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 410 Турци[3].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, селото е евидентирано како населба со 589 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 607 луѓе[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција додека муслиманското ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Ватилакос[5].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле населени 41 грчки бегалски семејства со вкупно 131 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 130 лица, додека во 1940 година селото броело 415 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 525 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 202 жители, во 1971 година имало 141 жител, во 1981 година имало 88 жители, додека во 1991 година имало 69 жители[4]. Денеска, населението на селото е 98 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads