Растеш
село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Растеш — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.
Remove ads
Потекло на името
Името на селото првпат е споменато како „Храштеш“ во XV век. Името потекнува од ботаничкото „(х)раст“ или пак од личното име „Раст“ или „Расто“ со наставката „-еш“.[2]
По преданието, името на селото потекнува од тоа што селото било „зараснато“ со шума.[3]
Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во областа Порече, во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Македонски Брод.[4] Селото е ридско-планинско, чии куќи се издигаат на надморска височина од 720 до 1.000 метри.[4]
Селото е сместено на левата страна во долината на Мала Река. Селото е свртено кон север. Малку ниви се наоѓаат околу селото, иако поплодните се сместени долж реката.[3]
Куќите се поделени на две маала: Куртеловци и Милевци.[3]
До Растеш води асфалтен пат, кој продолжува од поранешното општинско средиште Самоков.
Remove ads
Историја
Во селскиот атар се наоѓаат старини на местата Мала Чука, под самото село, каде се наоѓаат траги од град, за кој се верува дека го градела Зорка, сестра на Крале Марко. Кај Калето има ѕидини од некоја стара населба и ѕидини од црквата „Св. Богородица“. На неколку места се сретнуваат и старини од цркви.[3]
Се верува дека селото било основано од сточари, кои тука дошле за пасење на стоката.[3]
Во XIX век, Растеш било село во Поречката нахија, на Кичевската каза, во Отоманското Царство.
Вкупно 10 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
Атарот зафаќа површина од 8,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 430 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 141 хектари, а на пасиштата 104 хектари.[4]
Селото има полјоделско-шумарска функција.[4]
Населението во минатото одгледувало добиток (овци и кози). Сточарството оставиле печат врз изгледот на селото и пејзажот. Покрај сточарството, карактеристични дејности биле јагленарството, смоларството и преработка на метална руда на т.н. самокови.
Remove ads
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Растеш имало 245 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Растеш имало 240 жители.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Растеј се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 25 куќи.[8]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350Македонци.[9]
Поради иселувањето на населението, селото од средно преминало во мало, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 429 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 92 жители..[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Растеш имало 58 жители, од кои 57 Македонци и 1 Србин.[10]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, од кои 13 Македонци и 5 лица без податоци.[11]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]
Родови
Растеш е македонско православно село.[3]
Родови во селото се: Куртеловци (33 к.), доселени се од селото Врбен, Горна Река; Милевци (14 к.), доселени се од Прилепско. Според преданието они потекнуваат од предок Влав, кој во селото дошол како говедар и овде се оженил со некоја крива девојка. Кога се населил му наредиле да се насели надвор од селото. Од него после се намножило целото маало, овој род ги викаат и Власи. Они имаат посебна црква (Св. Никола) и гробови.
Remove ads
Општествени установи


- Поранешно основно училиште „Гоце Делчев“
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Самоков.
Во периодот 1957-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод. Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.
Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Растеш, во која покрај селото Растеш се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Здуње, Косово и Требовље. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.
Избирачко место
Во селото постои избирачко место бр. 0272 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[17] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[18]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[19]
Remove ads
Личности
- Михајло Андриќ (Михајло Никодин Андреев) — четник. Бил припадник на равногорското движење на Дража Михајловиќ во Порече.[20]
- Бошко Волчески (1924 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
- Манасија Василески (1901 - 1943) — загинат во НОБ.[21]
- Нове Ангелески (? - 1944) — загинат во НОБ.[21]
- Радомир Стојаноски (1920 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
- Трпе Дојчиноски (1923 - 1945) — загинат во НОБ.[21]
- Тодор Јовчески (1919 - 1944) — загинат во НОБ.[21]
- Столе Змејкоски (1912 - 1943) — загинат во НОБ.[21]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви[22]
- Црква „Св. Никола” — главна селска црква
- Црква „Св. Јован” — гробјанска црква
- Споменици
- Споменик на НОБ
- Биста на Гоце Делчев
Галерија
- Стара куќа во селото
- Куќи во селото
- Дел од селото
- Биста на Гоце Делчев пред поранешното истоимено училиште
- Поглед на Растеш
- Сокак низ селото
- Поглед на селото
- Низ селото
- Биста на Гоце Делчев
- Споменик на НОБ
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads