Кожле

село во Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia

Кожлеmap
Remove ads

Кожле — село во Општина Петровец, во областа Скопска Блатија, недалеку од градот Скопје.

Кратки факти
Thumb
Реконструкција на тврдината Маркови Кули во Кожле
Remove ads

Географија и местоположба

Ова село се наоѓа во областа Блатија, а на десниот брег на реката Пчиња, сместено на 35 километри од градот Скопје. До селото Кожле се стига по автопатот Скопје-Велес. Пред селото Катланово се врти десно, по асфалтиран пат кој поминува низ селото Блаце. Патот ја сече густата дабова шума и води право во селото.

Историја

Тврдината Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од селото и датира од средниот век. Во 1847 година изградена е црквата „Вознесение Христово“, каде што во дворот е погребан македонскиот академик, поет и книжевник Гане Тодоровски, во чија чест во дворот на црквата секоја година се одржуваат поетски читања.

Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.

На 6 септември 2016 година во околу 17:40 часот се случила авионска несреќа кај селото Кожле, каде загинуваат сите 6 патници и членови на екипажот.[2]

Remove ads

Стопанство

Од овој крај, освен руда имало и многу кварц, момирок и каолин, минерали од кои тогаш се правел познатиот порцелан од Кожле. Овие драгоцени минерали за време на војната на големо ги експолатирале Германците. Порцеланот од Кожле бил познат до Цариград и многу баран. Кожланскиот порцелан веќе не се прави. Луѓето се иселиле од селото да бараат работа во градовите.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Селото последните педесетина години е празно. На старите порти висат катанци. Само пет семејства денес живеат во селото, пензионери кои се вратиле тука од Скопје. Најстарите пишани записи за селото кажуваат дека овој крај бил сточарски, гусларски и рударски.

Според кажувањата на 73-годишен жител кој заедно со сопругата по пензионирањето се вратиле на родното огниште, Кожле било село на четири попа и еден владика. Попови, Василевци, Бошковци, Марковци и Пселимовски се дел од семејствата кои некогаш го населувале Кожле.

Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, каде имало 73 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 244 мажи христијани, со 16 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 520 жители.[3]

Според податоците на Васил К'нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кожле живееле 585 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Кожле живееле 344 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.[6]

Од Кожле се иселил значителен број од населението и селото преминало од средно во мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото имало 196 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 13 жители.

Според пописот од 2002 година, во селото Кожле живееле 14 жители, од кои 10 Македонци, 2 Албанци, 1 Србин и 1 останат.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 1 Албанец и 4 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Кожле e македонско село.

Според истражувањата од 1951 година, родови во Кожле се:

  • Староседелци: Трајановци (3 к.), Поповци (3 к.), Китановци (7 к.), Марковци (3 к.), Ценовци (2 к.), Бошковци (3 к.), Шипковци (1 к.), Пашинци (2 к.), Пртеловци (1 к.), Цирановци (1 к.), Пурчиновци (4 к.), Мурџевци (4 к.) и Мишовци (1 к.).
  • Доселеници: Дувневци (5 к.) и Домазетовци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде; Романовци (3 к.) доселени се од селото Романовце, Кумановско. Според друго предание доселени се од некое место Лаке во близина на селото Бадар.[13]
Remove ads

Општествени установи

Редовни настани

Порано во селото редовно се одржувала козлечка средба, но во 1999 е прекината таа традиција.

Личности

Родени во Кожле
  • Гане Тодоровски (р. 11 мај 1929 - 22 мај 2010) — македонски академик, поет, преведувач, професор, есеист, литературен критичар, историчар и публицист.
  • Коле Василевски — македонски универзитетски професор
  • Ангелко Василевски (1924-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
  • Александар Андреевски (1922-2005) — македонски академик, врвен лекар специјалист - оториноларинголог, доајен на модерната оториноларингологија во Република Македонија и пошироко[14]
  • Теодор Трајанов (1882 - 1945) — бугарски поет, член на БАН[15]
Починале во Кожле
  • Константин Минов (1868 - 1905) — македонски свештеник, убиен од страна на ВМРО
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads