Коле Мангов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Коле Мангов (2 август 1940 во Баница, Леринско — 1 јануари 2013 во Скопје) ― македонски поет, публицист, судија и борец за човекови права.[1][2]
Remove ads
Животопис
Мангов е роден во селото Баница, Леринско, егејскиот дел на Македонија.
Завршил Правен факултет во Скопје, а работниот век го поминал како судија во Апелациониот суд, Скопје. Бил член на Друштвото на писателите на Македонија од 1977 година.
Македонската јавност го памети како борец за човековите права, со особена посветеност на правата на Егејците во Грција. Тој како член на Уставната комисија дал свој придонес и во создавањето на првиот Устав на Република Македонија. Бил претседател и на невладината организација „Достоинство“, преку која неуморно се борел за интернационализирање на „македонското национално прашање“, како и за ширење на вистината за грчко-македонскиот спор. На домашната политичка сцена, тој важел за десничар кој ја зазел страната на „македонистите“ во судирот во ВМРО-ДПМНЕ, жестоко критикувајќи го Љубчо Георгиевски за неговите пробугарски ставови.[2]
Remove ads
Дипломатска борба
Неговата посветеност на борбата за признавање на прекршените права на македонското малцинство во Егејскиот дел на Македонија (од кое и тој бил дел), ја кренал на многу високо ниво и остварувал лична комуникација со видни политичари и дипломати од сиот свет, како што се: Романо Проди, Меделин Олбрајт, Бутрос Гали, разни претседатели на држави и шефови на дипломатии. Неговата неуморна работа и приказ на големата неправда нанесена кон македонскиот народ е дел и од официјалниот извештај на Human Rights Watch/Helsinki.[3]
Негови колумни, полемики и писма, можат да се сретнат низ сите дневни весници во Македонија, но и во странски магазини и весници, каде застапен преку неговата поезија, а некаде како борец за човекови права.
Во едно обраќање во медиумите тој сосема прецизно ја доловува формулата, како според него треба секој поединец да настапува, во заштита на човековите права:[2]
„Очекувам писма да бидат испраќани и од вас како читатели до многу релевантни личности. Би требало да станеме поактивни околу ова прашање за да престане употребата на кратенката ФИРОМ. Не е збор за спор за името! Зошто нашата власт не ѝ врати на Грција со „поранешна турска провинција Грција“...Негацијата на Македонците како малцинство во Грција помина во негација на Македонците како нација. Јас, без знаење на англискиот јазик, толку можам...“
Remove ads
Објавени книги[2]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads