Колибари
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Колибари — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на источното подножје на Бистра Планина, поточно на десниот брег на Зајаска Река. Оддалечено е 7 километри северно од Кичево.
Историја
Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Албанци.[2]
Според пописот од 2002 година, селото има население од 747 жители, од кои 742 Албанци, 1 Србин и 4 други.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 338 Албанци и 17 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Колибари е албанско село.
Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.
Албанското население во Колибари е поделено на пет рода: Тоа се: Спаије (20 к.), Коколе (17 к.), Алиме (11 к.), Гега (11 к.) и Хиса (10 к.). Споменатите родови, потекнуваат од пет браќа доселени околу 1820 година од соседното село Зајас. Браќата се викале: Зендел Спаија (најстариот брат), Коколе, Алим, Дервиш Гега и Лиман Хиса. Во родот Коколе е познато следното родословие: Вели (жив, на 40 години)-Рушит-Вели-Ибраим Коколе, кој се доселил. Во Зајас нивните куќи им биле во Теќе Маало. Таму имале истоимени роднини. Подалечното потекло им е од Матија во Северна Албанија.[9]
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 829 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 667 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[12]
- Римски Гробишта — доцноантичка населба;
- Кокале — средновековна некропола;
Личности
- Оломан Сулејмани (р. 1950) - политичар;
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads