Зајас

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Зајасmap
Remove ads

Зајас — село во Општина Кичево, во областа Кичевија, во околината на градот Кичево. До 2013 година, селото претставувало административно седиште на поранешната истоимена општина.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Зајас се наоѓа во северниот дел на областа Кичевија, на 10 километри северно од Кичево. Селото се наоѓа крај Зајаска Река. Името на селото на месниот дијалект е Зајаз (Zajaz).

Потекло на името

Се смета дека името на селото доаѓа од долот (јазот) во кој се плакнело железото, а селото се наоѓало зад, па така е наречено зајаз, денес Зајас.

Историја

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 70 семејства, 9 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]

Според бугарскиот етнограф Васил К’нчов, Албанците во селото се населиле во XVIII век[3]. Изворното население на Зајас било христијанско. Околу 1740 г. селото е албанизирано со населување или исламизација. Населените Албанци ги нападнале околните православни села и ги колонизирале. Такви се Црвивци, Бериково, Трапчин Дол и други[4][4] К’нчов забележал дека во селото во 1900 година имало 2.150 жители Албанци.[5] Слични ставови имал и рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година.[6]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 1.750 Албанци.[7]

Според пописот од 2002 г. во Зајас живееле вкупно 4.712 жители[8], од кои:

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.567 жители, од кои 1 Македонец, 2.449 Албанци и 117 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Како едни од најстарите албански родови во селото се споменуваат родовите: Думовци, Џаковци, Лимановци и Браовци, сите заедно имаат околу 240 куќи. Доселени се од споменатата област Мат (во северна Албанија) кон крајот на 18 век.[14]

Зајас е албанско село.

Родови во селото се:

  • Во Џума маалото се следните родови: Думовци, Лановци, Џаковци, Лимановци, Браовци, сите имаат околу (240 к.) куќи. Предците на споменатите родови се доселиле кон крајот на XVIII век. Во родот Думовци се знае следното родословие: Мустафа (жив на 51 г. во 1961 година) Асан-Муарем-Реџеп-Садик-Муарем, основачот на родот кој се доселил.
  • Во Теќе маалото се следните родови: Томај, Јаовци, Пирковци и Коџовци, сите заедно имаат (117 к.), предците на споменатите родови се доселени кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век. Во родот Пирковци се знае следното родословие: Медија (жив на 62 г. во 1961 година) Велија-Усејин-Велија-Усејин, се доселил таткото на Усејин.
  • Во Челиковци маалото е родот Челиковци (40 к.) основачот на родот е доселен кон крајот на 18ти или почетокот на XIX век.
  • Во Туфковци маалото е родот (10 к.) основачот на родот е доселен кога и другите родови.

Сите албански родови имаат потекло од областа Матија во Албанија.[15]

Remove ads

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 814, 815, 816, 816/1 и 819 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 4.171 гласач.[17]

Личности

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads