Коркутово

село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Коркутовоmap
Remove ads

Коркутово или Коркут (грчки: Τέρπυλλος, Терпилос, до 1926 Κιορκούτ, Коркут)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Коркутово Τέρπυλλος, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 11 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро. Селото се наоѓа на надморска височина од 213 метри.

Кара Махмутли опфаќа површина од 45 квадратни километри[3].

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Коркутово се состоело од 90 семејства и 265 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Коркут имало 820 жители муслимани[5].

Во текот на Балканските војни, селото настрадало од страна на грчките војски.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека од селото се иселиле муслиманските жители[3]. Во 1927 година, селото било преименувано во Терпилос.[6]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 848 жители бегалци,[7] додека во 1940 година селото броело 1257 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 1040 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 1019 жители, во 1971 година имало 708 жители, во 1981 година имало 734 жители, додека во 1991 година имало 605 жители[8]. Денеска, населението на селото е 73 жители според пописот од 2001 година.

Денеска, населението на селото е 600 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads