Косово Дабје

село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Косово Дабјеmap
Remove ads

Косово Дабје — село во Општина Делчево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Косово Дабје — село во општина Делчево, во областа Пијанец.

Историја

Селото Косово Дабје не е многу старо село. Порано името на ова село било Шопје, но подоцна е променето во Косово Дабје, од непознати причини.[2]

Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]

Во 2002 година, во селото живееле 21 жител, Македонци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, од кои 5 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

  • Доселеници: Шопјето (15 к.) најстар род во селото и негови основачи. Како го добиле името е непознато. Доселени се околу 1788 година од некое село во Прилепско (прилепско Мариово); Илијовци (3 к.) доселени се во 1885 година од селото Турија; Димчовци (2 к.) доселени се во 1914 година од селото Бигла; Воложјето (3 к.) доселени се во 1905 година; Мијшинци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Драмче; Козарци (1 к.) доселени се во 1914 година од селото Цера; Кумкар (1 к.) доселени се во 1941 година од некое блиско село во Бугарија, од другата страна на границата (Тишаново некои мислат).[2]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Во селото постои избирачкото место бр. 0597 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 15 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads