Кралска повластица

From Wikipedia, the free encyclopedia

Кралска повластица
Remove ads

Во Обединетото Кралство, Кралска повластица (англиски: Royal warrant of appointment) е привилегија доделена од старешинските членови на Британското кралско семејство на фирми и занаетчии кои снабдуваат добра или вршат услуги на поединци во семејството. Оваа повластица снабдувачот може да ја истакнува, и со тоа да се рекламира како и добива на престиж. Неколку други кралски семејства исто така го прават ова, во кои спаѓаат владеачките династии во Холандија, Данска, Тајланд и Шведска. Историски, ова постоело во речиси сите монархии.

Кралски повластици
Royal warrants
Thumb
Грбот на кралицата Елизабета II како што се истакнува во Англија, Велс и Северна Ирска
Thumb
Грб на кралицата Елизабета II за Шкотска
Thumb
Грб на Војводата од Единбург
Thumb
Значка на Принцот од Велс
Thumb
Кралска повластица над влезот на продавницата Фортнум и Мејсон
Thumb
Логото на пушкарите Холанд & Холанд со две кралски повластици
Thumb
Пијано Бродвуд & Синови со Кралска повластица над името
Thumb
Табла на чевларите Џон Лоб со три Кралски повластици
Thumb
Логото на кројачите Ид и Рејвенскрофт, со четири Кралски повластици
Thumb
Логото на берберите Труфит & Хил со Кралска повластица
Thumb
Пакување Ерл Греј чај од Твајнингс, со Кралска повластица над името

Околу 800 поединци и фирми - меѓу кои и неколку небритански фирми - држат повеќе од 1,100 повластици од Британското кралско семејство. Снабдувачот мора да има деловен однос со член на семејството најмалку пет години пред да може да се земе предвид за повластица. Дискреционо право на доделување на повластиците има Лордот-коморник, како претедател на Комитетот за повластици за деловни лица на кралското домаќинство (Royal Household Tradesmen's Warrants Committee). Повластицата се обновува секои пет години, но може да биде одземена во било кое време; некои повластици траат веќе повеќе од 100 години.

Снабдувачите и понатаму наплаќаат за добрата и услугите - што значи дека со повластицата тие не стануваат бесплатни за никого. Повластиците се рекламират на табли на фирмата, заглавја на писма и производи со истакнување на грбот или значката на поединиот член на Кралското семејство во чие име е дадена повластицата. Под грбот стои реченицата „By Appointment to...“ („По назначување кон...“), проследено од титулата и името на членот на кралското семејство, па видот на снабдувани добра.

Remove ads

Некои снабдувачи на Британското кралско семејство

Ова се некои фирми кои го снабдуваат или го имаат снабдувано снабдувале Британското кралско семејство:

  • А & Ф Пеарс — проѕирен сапун
  • А Неш — метли
  • Акваскутумоблека
  • Акзо Нобел — бои
  • Алден & Блеквел — книги
  • Ангостура Лимитедтреварки (алкох. пијалаци)
  • Андерсон & Шепард — кројачи
  • Аспри— јувелири, златари, кујунџии
  • Астон Мартинавтомобили
  • Ауто Глим — производи за нега на автомобил
  • Барбери — облека
  • Џ. Барбур & Синови — водоотпорна облека
  • Бенсон & Хеџезцигари (укината 1999)
  • Бентли - автомобили
  • Болинџер С.А. - шампањ
  • Браќа Џонсон - неформален прибор за јадење
  • Бритвик — овошни сокови
  • Бритиш Гас Сервисез — расветлување и одржување на гасни лампи
  • Бродвуд и Синови — пијана
  • Бронли — производи за лична нега
  • Бутс - аптекари
  • Вејтроузпрехранбени артикли
  • Вилијам Крафорд & Синовибисквити
  • Вилијам Сандерсон & Син — скоч
  • Вулзи — производители на облека
  • Галјон & Синови — пушки
  • Гарард & Др - накит и сребрени предмети
  • Гордонс Џинџин
  • Д Р Харис — аптекари
  • Дакрилејт Пејнтс Лимитед — боја и украсни акрилици
  • ДХЛ — брза пошта и логистика
  • Ебојн & Балатерцвеќиња
  • Ид и Рејвенскрофт — кројачи и одеждари
  • Јагуар Автомобили — Јагуар и Дајмлер автомобили
  • Јардли — проздови за лична нега
  • Кадбури — чоколади/слатки
  • Калдерс и Грандиџ — третирани дрвени огради
  • Канејдијан Клабканадски виски
  • Каркрекери
  • Карфон Верхаус - мобилни телефони
  • Кастрол — моторни масла
  • Кент & Синови - четки за коса
  • Кимберли-Кларк - производи за лична нега
  • Коб од Најтсбриџмесо
  • Ковентри Скафолдинг - изнајмување скелиња
  • Колманссенф
  • Корни & Бароувино
  • Коуп & Тиминсмесингани предмети
  • Лафројг — едносладен скоч
  • Ленд Ровер — автомобили
  • Лиа & Перинс - Вустершир сос (создател)
  • Лин Продактс — звучни системи
  • Лок & Д-р — шапкари
  • Малверн — флаширана вода
  • Менсур — антиквирани теписи
  • Пенхалигонс — тоалетен прибор
  • Питерсфилд Бук Шоп — рамки за слики
  • Плауден & Смит — реставраторски услуги
  • Прајсес Кендлссвеќи
  • Прингл од Шкотска — облека
  • Р Г Харди & Компанијагајди
  • Р Е Трикерчевли
  • Сатонс Сидсбулки и семиња
  • Спинкаукционери
  • Споудпорцелан
  • Стенли Гибонс — поштенски марки
  • Танкверајџин
  • Тарнбул & Асер - облека
  • Твајнингс — набавувачи на чај и кафе
  • Том Смит Групбожиќни пукала
  • Труфит & Хилбербер
  • Фарина гегениберколонска вода
  • Ферфакс Мидоу Фармколбаси
  • Форд Моторни Возила — моторни возила
  • Фортнум и Мејсон — прехранбени артикли
  • Френк Смитсонканцелариски прибор
  • Хазлит Гуден & Фокс — ракотворби
  • Хајтер — тревокосна опрема
  • Харви Николс — драперии
  • Хародс (некои укинати, други доброволно предадени)
  • Хаугејт Дејри Фудссирење
  • Хечардскниги
  • Холанд & Холанд — спортско огнено оружје
  • Холт Ренфру - крзнар; денес луксузна канадска стоковна куќа
  • ХП Фудс - ХП Сосови
  • Чарлс Фродшам и Др — часовници и рачни часовници
  • Џемјс Бакстер & Синшкампи
  • Џемјс Кокер & Синови — рози
  • Џенерс — покуќнина
  • Гивс & Хокс — кројачи
  • Џон Лобчизмар
  • Џони Вокер - скоч
  • Шарбонел ет Вокерчоколади
Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads