Кралство Бохемија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кралство Бохемија (чешки: České království; германски: Königreich Böhmen; латински: Regnum Bohemiae), подоцна наречено Чешко Кралство — средновековна и рано модерна монархија во Средна Европа, претходник на денешна Чешка Република. Таа била царска држава во Светото Римско Царство, а чешкиот крал бил изборен кнез на империјата. Кралевите на Бохемија, покрај самиот регион на Бохемија, владееле и со други земји кои припаѓале на Боемската круна, која во различни времиња ги опфаќала Моравија, Шлеска, Лужица и делови од Саксонија, Бранденбург и Баварија.
Remove ads
Историја

Кралството било основано од династијата Премислид во 12 век од Војводството Бохемија, подоцна управувано од Домот на Луксембург, Јагелонската династија, а од 1526 година Домот на Хабсбург и неговиот наследник, Домот на Хабсбург-Лорен. За свети римски императори биле избрани и бројни кралеви на Бохемија, а главниот град Прага бил царско седиште кон крајот на 14 век и повторно на крајот на 16 и почетокот на 17 век.
По распаѓањето на Светото Римско Царство во 1806 година, територијата станала дел од Австриското Царство на Хабсбурзите, а потоа и Австроунгарија од 1867 година. Бохемија го задржала своето име и формалниот статус како посебно Кралство Бохемија до 1918 година, познато како кралска земја во рамките на Австроунгарското Царство, а нејзиниот главен град Прага бил еден од водечките градови на империјата. Чешкиот јазик бил главен јазик на сообранието и на благородништвото до 1627 година (откако Боемскиот бунт бил задушен). Германскиот јазик тогаш бил формално изедначен со чешкиот и на крајот преовладувал како главен јазик на благородништвото, сè до чешката национална преродба во 19 век. Германскиот јазик исто така бил широко користен како јазик на администрација во многу градови откако Германците емигрирале и населиле некои области на земјата во 13 век. Кралскиот двор користел чешки, латински и германски јазик, во зависност од владетелот и периодот.
По поразот на Централните сили во Првата светска војна, и Кралството и Империјата биле распуштени. Бохемија станала јадрото на новоформираната Република Чехословачка.
Remove ads
Демографија
Попис од 1910
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads