Криптодепресија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Криптодепресија
Remove ads

Криптодепресија е вдлабнатина на површината на Земјата исполента со вода, чија површина се наоѓа над средното морско ниво а дното под морското ниво.[1][2] Терминот е изведен од старогрчкиот збор κρύπτoς („скриен“ или „таен“) и депресија (што во географијата е израз за предел понизок од нивото на површината на морето).

Thumb
Езера во Северна Италија по надморска височина (на површината и на најдлабоката точка). Езерото Маџоре, езерото Лугано, езерото Комо и езерото Гарда се криптодепресии.
Remove ads

Опис

Криптодепресијата честопати се создава во рифтова долина (тектонски расцеп) или глацијално езеро.[3]

Езерата најчесто се долги и тесни. Пределот околу брегот на езерото може, исто така, да биде многу стрмен.[4]

Криптодепресиите се претежно езера. Најголема криптодепресија во светот е Бајкалското Езеро, а во Европа е езерото Ладога. Најголемата криптодепресија на Балканскиот Полуостров е Скадарското Езеро на границата меѓу Црна Гора и Албанија.[5]

Remove ads

Примери

Едноставен пример за пресметка:
Езеро О'Хигинс/Сан Мартин
Површинска кота 250 m -
Максимална длабочина 836 m =
_________________________________
Криптодепресија -586 m
  • Леднички езера: поголемите приалпски езера во Италија имаат криптодепресии создадени со ерозија. Во другите делови на Алпите (швајцарските, баварските и австриските езера) нема криптодепресии затоа што езерата се наоѓаат на голема надморска височина. Леднички езера кои истовремено се криптодепресии има и во Норвешка, Чиле, Аргентина, Њуфаундленд, Нов Зеланд и Шкотска. Во Северна Америка, четири од петте Големи езера (сите освен Ири) и две од Прстестите Езера во Њујорк (езерата Кајуга и Сенека), се примери за криптодепресии. Меларен во Шведска е создадено преку различен процес; тоа било ракав од Балтичкото Море уште во ерата на Викинзите пред да биде отсечен од морето преку постглацијално враќање.
  • Раседни долини (тектонски расцеп): најдлабока криптодепресија на Земјата се наоѓа во Бајкалското Езеро (-1200 m).[4] Други позначајни примери се: езерото Тангањика и езерото Малави во источноафриканскиот јаз на Африка.
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads